Connect with us

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава.

„Ни требаа 12 години за го изградиме „Airbnb“, а изгубивме скоро сè за четири до шест недели“, рече Чески во интервју за CNBC, истакнувајќи дека компанијата се подготвувала да излезе на берза оваа година, но сега останала да “виси” во воздух.

Чески, исто така, истакна дека „Airbnb“ се соочува со неизвесна иднина поради стравот од епидемија која веќе се чувствува низ целиот свет, додавајќи дека „туризмот како што го знаевме е готов“.

„Не сакам да кажам дека нема да има повеќе патувања, но дека моделот што го знаевме е мртов и повеќе нема да се врати. Во иднина, ќе влеземе во нашите автомобили, ќе возиме неколку километри и ќе одиме на најблиското мало место за одмор“, изјави Брајан Чески.

Чески истакна дека „Airbnb“, барем во САД, почнува да закрепнува, иако не сака да има лажна надеж и додаде дека неговата компанија сеуште е во опасност.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно