Странски банки
Извршниот директор на Морган Стенли е најплатениот американски банкар

Извршниот директор на „Morgan Stanley”, Џејмс Горман стана најплатениот американски банкар. Неговата годишна плата се зголеми за 22 проценти или сега изнесува шест милиони долари.
На извршниот директор на „Morgan Stanley” за извршената работа на Волстрит во 2020 година му беа исплатени неверојатни 33 милиони долари , додека пак во 2019 година доби 27 милиони долари. Според „Reuters”, неговата плата таа година се намалила за седум проценти.
Всушност, структурата на приходите на Горман изгледа вака:
- основната плата е 1,5 милиони долари,
- бонусот во пари е 7,8 милиони долари, а
- наградата во акции е скоро 24 милиони долари.
Две третини од наградата за удел е поврзана со резултатите. Тие беа фантастични, а бордот на директори одлично го награди тоа.
Под негово водство, минатата година за „Morgan Stanley” беше рекордна според финансиските резултати, со нето добивка од 11 милијарди долари (раст од 22 проценти) и поврат на акциите од 15,2 проценти. Годишните приходи беа 48,2 милијарди долари и пораснаа за 16 проценти, што им донесе скок на берзата и бран спојувања и списоци создадени по првичниот шок на пазарот поради пандемијата на вирусот корона.
Значи, нивниот последен квартал беше едноставно сензационален, со 51 процент раст на профитот.
Странски банки
ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)
Странски банки
ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)
Странски банки
ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство