НБРМ
Извршниот директор во ММФ Хилберс: Централната банка дејствуваше соодветно за време на кризата


„Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност“ – истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења“.
Овие констатации беа дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Оваа година, како и минатата, средбите се одржуваат виртуелно поради пандемијата.
Извршниот директор Хилберс посочи и дека одржувањето на независноста на Народната банка е висок приоритет и дека ММФ ја цени стручноста и истрајноста на раководството и стручниот тим на Народната банка, особено во напорите да се надминат ефектите на корона-кризата.
„Народната банка спроведе политики и неуморно работеше заедно со централните банки од Европската Унија за надминување на негативните ефекти предизвикани од корона-кризата. ММФ оддава особено признание за овие залагања. Професионалноста, стручноста и посветеноста се на највисоко ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка. Исто така, даваме целосна поддршка за мерките на монетарната политика за одржување на макроекономската и финансиската стабилност“ – нагласи извршниот директор.
За време на состаноците, посебно внимание им беше посветено на најновите проекции на ММФ, што укажуваат на натамошно закрепнување на македонската економија, во услови на поволно надворешно опкружување, поголема доверба и стимулативните мерки од политиките. Проекциите укажуваат и на намалување на инфлациските притисоци и стабилна надворешна позиција на економијата.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека Народната банка внимателно ги следи економските случувања и потврди дека економските изгледи се во согласност со очекувањата на ММФ. Таа истакна дека со оглед на целокупната неизвесност предизвикана од пандемијата на ковид-19, Народната банка и понатаму внимателно ќе ги следи сите показатели, вклучително и движењето на цените и инфлациските очекувања. Централната банка е подготвена да реагира доколку е потребно.
Министерот Фатмир Бесими, кој го предводи тимот на Министерството за финансии, исто така учествуваше на Годишните средби на ММФ и Светската банка.
НБРМ
Вицегувернерката Нацевска на дијалогот на ЕУ со Западен Балкан


Во рамките на овогодишниот дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, во центарот на вниманието беа предизвиците коишто ги донесоа пандемијата и руската инвазија врз Украина, како два последователни надворешни шока. Притоа беа оценети и мерките преземени досега од страна на носителите на политиките за справување со кризите и за зголемување на отпорноста на економиите. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста


Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје