Connect with us

НБРМ

Извршниот директор во ММФ, Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“

Објавено

на

Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем.

Ова го истакна извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Антони де Ланој, член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за Северна Македонија, на состанокот со тимовите на Народната банка и Министерството за финансии, одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка. Состанокот беше фокусиран на состојбите во банкарскиот систем.

Искажувајќи поддршка за постапувањето на Народната банка, Де Ланој се осврна и на некои од изјавите и случувањата по затворањето на „Еуростандард банка“.

„Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми загуби за општеството отколку кога навремено се преземаат потребните корективни супервизорски активности.“ – рече Де Ланој.

Исто така, тој жали што има шпекулативни и неточни јавни изјави дадени од некои засегнати страни, во врска со банкарскиот систем и Народната банка. Де Ланој тврди дека ваквите изјави може да имаат сериозни штетни ефекти и ги повика сите засегнати страни да се воздржат од неодговорно однесување што може да ја доведе во опасност стабилноста на финансискиот систем, особено во време на глобална криза и во време кога ММФ го оценува македонскиот финансиски систем во целина како стабилен.

Де Ланој посочи дека ефектите од регулаторните барања коишто во изминатите години Народната банка ги засили во согласност со најновите меѓународни стандарди и со глобалните најдобри практики, се согледуваат и преку последните податоци коишто покажуваат дека банкарскиот систем е отпорен на шокови. Тој нагласи дека банките во Северна Македонија, во моментов се добро капитализирани, мерено според адекватноста на капиталот на системот, којашто е повеќе од двојно повисока од минималните регулаторни барања согласно со глобално прифатените стандарди на Базел III. Според извршниот директор на ММФ, стабилниот банкарски сектор ќе биде силна основа за раст на економијата во посткризниот период.

Инаку, на состанокот, исто така, беше оценето дека во услови на соодветно ниво на девизни резерви и ограничени инфлациски притисоци, Народната банка ефикасно го користи својот простор за спроведување мерки што ја поддржуваат економијата за време на ковид-кризата. Беше истакнато дека како регулатор и супервизор на банкарскиот систем, Народната банка презема мерки од почетокот на ковид-кризата за ублажување на финансискиот товар на компаниите и домаќинствата, истовремено одржувајќи ја стабилноста на системот.

Со Де Ланој се разговараше и за предизвиците за економијата во претстојниот период. Тој истакна дека ММФ ќе продолжи да обезбедува поддршка за своето членство во овие тешки моменти.

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Денес е последен ден за пријавување за Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Денес е последен ден за пријавување за едукативните видео презентации на тема Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ќе ги организира Народната банка во рамки на 4-тото издание на Денови на финансиска писменост. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во октомври

Објавено

на

Народната банка објави дека на годишна основа, вкупните депозити забележаа раст од 5,5 проценти, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите. Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,7 проценти, што произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора. (more…)

Продолжи со читање

Популарно