Business Woman
Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top Brands Awards”


Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул, Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето.
Нејзината номинација следи по резултатите и неколкукратното зголемување на активите на компаниите кои ги управуваше во последниве децении.
Од октомври 2020 година, Вилма Учета Дузлевска презема нов работен ангажман како извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Во овој краток период, компанијата ја удвои својата позиција на пазарен удел а оваа година забележува најголем раст на пазарот за животно осигурување и по премија и по број на продадени полиси.
Наградите на „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада. Креирани се да го оценат и наградат успехот на бизнисмените низ светот и да ги поврзат меѓусебно, создавајќи една глобална мрежа од млади бизнис лидери кои силно и сплотено ќе имаат понатамошна можност за соработка и раст на компаниите кои ги претставуваат.
Business Woman
Филомена Пљаковска Аспровска од КаСис меѓу најуспешните жени менаџерки за 2022


Агенцијата „Марили“ викендов ја додели наградата „Жена водилка“ на најуспешните жени менаџерки за 2022 година. (more…)
Business Woman
Нина Ангеловска избрана како финалист за “Награда за животно достигнување” од глобалната организација Women in Tech


Нина Ангеловска, е избрана како финалист за “Наградата за животно достигнување” (Lifetime Achievement Award) која ја доделува глобалната организација Women in Tech. Помеѓу деветте финалисти за оваа награда се и Директроката на Oracle од САД, Претседателката и оперативна директорка на SpaceX од САД, Директората за технолошка трансформација на Новартис од Швајцарија, и уште неколку жени со значајни достигнувања и успеси зад себе. (more…)
Business Woman
Маја Наумовска Савеска од Халкбанк ќе ја претставува нашата земја во стручното жири на КАКТУС 2021


Помеѓу 15-те избрани маркетинг и креативни професионалци кои го сочинуваат регионалното стручно-жири на овогодинешното издание на КАКТУС фестивалот, што ќе одлучи за најдобрите проекти, кампањи, компании, институции и агенции од минатата година во соседна Србија, се наоѓа и еден претставник од нашата земја. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје