Connect with us

Останато

ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ НЕМИЛОСРДНИ: За долг од 1 денар, наплатиле 12.439 денари!

Објавено

на

Во своето интервју, извршителот Зоран Димов кој воедно е и претседател на Комората на извршители, изјави дека извршувањето во 99% од случаите е во полза на граѓаните. Но, и покрај тоа што извршителите убедуваат дека постојат за доброто на граѓаните, тоа добро граѓаните никако да го почувствуваат. Баш напротив, кога ќе дојде на нивна кожа извршна постапка, завршува со трагични последици по нивниот буџет.

Извршителите не одмараат ниту за празниците, се ставаат над законот и немилосрдно ја спориведуваат својата агенда. Тие блокираат сметки за време на празници, па воопшто не е чудно што на еден човек сметката за наплата му дошла точно пред Велигден.

Имено, се работи за пензионер од Скопје, Крсте Серафимов кој имал долг кон БЕГ од само 1 денар, но преку извршители му било наплатено огромни 12.439 денари.

Од БЕГ го дале Серафимов на извршител САМО за 1 денар, некаков заостанат долг од минататото, по што извршителот Моника Муча од Скопје, го активирала налогот за наплата, преку кој му е определена ЗАБРАНА за 1/3 од пензијата и активиран налогот за исплата на 12.439 денари.

Преку налог за извршување, на господинот му се земени 12.439 од неговата пензија за да се среди и подмири долгот.

Во продолжение ви го прикажуваме налогот со кој му се извршени 12.439 денари на пензионерот Крсте Серафимов.

Ima li zakon ili institucija vo drzavava sto ke go spreci ova zlo koe go unistuva narodot??? Najgolemata mafija narecena…

Posted by Martin Serafimov on Wednesday, 28 March 2018

И сега навистина се поставува прашањето како извршителите делуваат во полза на граѓаните!?

Останато

Нов повик од ФИТР за старт-ап и спин-оф компании

Објавено

на

Заинтересираните од денеска, па во наредните 50 дена ќе можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за добивање средства од првиот јавен повик за старт-ап и спин-оф компании во вкупен износ од еден милион евра што се реализира во соработка со Светска банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 24 210 денари

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018, изнесува 24 210 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7. 
(more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда стартуваат најголемите бизнис саеми: Градежништво и Технома 2018

Објавено

на

Во рамките на саемската трилогија која се случува есенва на нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски се случуваат и двата најголеми бизнис саеми, 15. издание на Саем на Градежништво заедно со осмиот по ред RealExpo (саем на недвижности), како и 44. издание на Технома, саемот кој ги собира движечките компании од областа на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange