Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Извршете ги вашите девизни плаќања брзо, квалитетно и со пониски трошоци

Објавено

на

Покрај пристапот до клиентските сметки 24/7 од секаде во светот, преглед на сметките и состојба на истите, безбедност и трајност на податоците, можност за избор на јазик, едноставно процесирање на трансакции сега надграденото електронско банкарство за правни лица резиденти, овозможува едноставен, брз и сигурен начин за вршење и на девизни плаќања во земјата и странство.

Вршете ги вашите девизни плаќања  навремено, квалитетно и со пониски трошоци со Капитал Банка АД Скопје.

Капитал Банка АД Скопје на сите свои постоечки и нови клиенти правни лица резиденти им овозможи да ги вршат своите девизни плаќања во земјата и странство по промотивни услови преку електронско банкарство.

Заштедете со девизниот платен промет на Капитал Банка и искористете го промотивниот период од 15.04 до 30.04.2019 година, без да плаќате провизија за ностро дoзнаки за правни лица.

Придобивките од промоцијата важат само за плаќања преку е-банкарство за правни лица резиденти.

Доколку плаќањата ги процесирате во експозитура се наплаќа провизија согласно официјалниот ценовник на Капитал Банка.

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 553; 3102 542 или e-mail: info@capitalbank.com.mk  .

Домашни банки

Крадците украле 150.000 евра од филијалата на НЛБ Банка во Чаир

Објавено

на

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10:36 часот во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, Банката ја информира јавноста дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки кредит за сите ваши желби од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Грабеж во филијала на НЛБ банка во Чаир

Објавено

на

Денес, во 10 часот и 36 минути извршен е грабеж на филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange