Наградни игри
Извојувајте ја главната „Шопинг победа“ преку плаќање со HalkPay на Халкбанк


Халкбанк АД Скопје со секој проект покажува дека е банка на луѓето. Од платформата Халк Еко, која има за цел да придонесе во поттикнување здрави животни навики и со тоа создавање поздрава околина, до најповолни услови за кредитирање на население и воведување нови иновативни производи, за оваа банка навистина се важни луѓето.
Уште еден таков пример на грижа за потребите на корисниците е и мобилната апликација HalkPay која е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard, издадена од Халкбанк. Корисникот на платежната картичка може да ја преземе апликацијата од Google Play Store на мобилен уред со Android оперативен систем. Потоа, следи нејзино дигитализирање и брзо и едноставно плаќање со мобилен уред само со доближување до ПОС терминал кој поддржува бесконтактно плаќање.
Поради големото задоволство од ваков начин на брзо и едноставно плаќање, Халкбанк ги почести своите корисници со наградна игра за вистинска „Шопинг победа“. Наградната игра започна на 1 ноември минатата година и траеше до крајот на февруари, во која учесниците имаа шанса да добијат Android мобилни телефони, паметни часовници, ваучери за велосипеди и електричен велосипед. На крај на секој тековен месец, во времетраење на наградната игра, банката организираше месечни извлекувања во кои се доделуваа по 5 мобилни телефони.
Во првата половина на овој месец, односно на 10 март, следи главното извлекување во кое ќе се доделат 10 ваучери за велосипеди, 6 Garmin часовници и еден електричен велосипед. Шанса да добијат награда имаат сите корисници за секоја своја трансакција направена во период од 1 ноември до 28 февруари, без разлика дали во месечните извлекувања имаат добиено награда.
По извојување на „Шопинг победата“, HalkPay останува достапна за сите сопственици на Mastercard картички, кои својот мобилен телефон можат да го претворат во паричник и да вршат плаќања на сите ПОС терминали за бесконтактно плаќање. Предностите од секојдневна употреба на овој вид бесконтактно плаќање се многубројни и затоа време е да станеме дел од она што е светски тренд во вршење трансакции.
Наградни игри
Добитници на награди од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“


На ден 08.04.2021 со почеток од 15.00 часот се одржа извлекувањето на среќните добитници од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“ во просториите на УНИБанка АД Скопје со адреса ул. Маким Горки бр.6, 1000 Скопје. (more…)
Наградни игри
Добитници од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“


На ден 01.04.2021 со почеток од 15.00 часот се одржа извлекувањето на среќните добитници од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“ во просториите на УНИБанка АД Скопје со адреса ул. Маким Горки бр.6, 1000 Скопје. (more…)
Наградни игри
Халкбанк ги објави добитниците од финалното извлекување од наградната игра ,,Плаќај со HALKPAY и освојувај награди!”


Халкбанк АД Скопје го реализираше Главното извлекување на наградната игра ,,ПЛАЌАЈ СО HALKPAY И ОСВОЈУВАЈ НАГРАДИ!” на 10.03.2021 година во 12 часот. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите