Connect with us

Останато

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот

Објавено

на

Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ.

Исто така, се наведува дека земјите од Западен Балкан многу поретко се вклучуваат во дијалог со приватниот сектор, со исклучок на Република Северна Македонија којашто одржува дијалози на редовна основа.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, денеска учествуваше на онлајн промоцијата на извештајот, кој по првпат се изработува за регионот за Западен Балкан од страна на ОЕЦД и содржи над 40 индикатори коишто се однесуваат на јавна администрација, јавни финансии, буџетски практики и процедури, јавни набавки, дигитална влада итн. Ангеловска посочи дека земјата ја дочека кризата со здрав финансиски систем и стабилизиран државен долг, понизок за околу 10 процентни поени во однос на просекот на земјите од регионот, како и дека и покрај кризата, се работи на реформите согласно Стратегијата за реформи во јавните финансии. Таа посочи и дека мерките за справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19 се дизајнирале многу внимателно, таргетирано и со јасни цели и очекувани ефекти за да го дадат максималниот ефект со ограничените ресурси, водејќи сметка за фискалниот простор.

„Дизјаниравме 3 обемни пакети на антикризни мерки коишто вклучуваат даночни олеснувања, субвенции на плати, ваучери и платежни картички коишто ја поддржуваат приватната потрошувачка, финансиска поддршка за инвестициите и конкурентноста итн. Овие мерки играа значајна улога во справувањето со кризата, а повторно успеавме да задржиме фискален простор доколку се јави потреба за дополнителни интервенции” – рече Ангеловска.

Таа истакна дека, во меѓувреме, Министерството за финансии има значаен прогрес во зајакнување на транспарентноста преку новите алатки што беа објавени во изминатиот период, како и во подготовката на новиот Закон за буџети и техничката спецификација на интегрираниот систем за управување со јавни финансии којшто ќе воведе целосно реформирање и модернизирање на процесите во управувањето со јавните финансии.

На презентацијата учествуваа и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министри за финансии од другите земји опфатени со извештајот, претставници од Директоратот за проширување на Европската Унија, како и други високи претставници.

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондот за осигурување на депозити: Депонентите во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат обештетени за своите депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно