Connect with us

Анализи

Извештај за истражувањето на Финтек секторот во Северна Македонија

Објавено

на

Во текот на септември 2020 година, со финансиска и техничка подршка од Европскиот фонд за техничка подршка за Југо-Источна Европа, се спроведе истражување за Финтек секторот во Северна Македонија. Истражувањето се спроведе под покровителство и координација од страна на Народната Банка на Северна Македонија во соработка со консултантска куќа од Англија за Финтек Вендави.

Студијата беше спроведена во име на Народната Банка со учество и на другите регулатори во делот на финансиски услуги. Целта на истражувањето беше да се разбере тековното опкружување за развој на Финтек и алтернативните финансиски услуги во Северна Македонија и да се оценат можностите, бариерите и предизвиците за иновации и влез на нови учесници во овој сегмет на финансискиот пазар. Резултатите од истражувањето треба да послужат како основа за градење на Национална Стратегија за развој на Финтек, ако се покаже изводливо дека има основа за развој на Финтек во нашата земја.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 89% од сите учесници во истражувањето сметаат дека во Северна Македонија има потреба од Финтек и тоа е голем поттик за секторот. Финтек секторот во нашата земја има потенцијал да овозможи поголема и поширока достапност на финансиските услуги, поголема конкуренција, како и поширок избор и придобивки за граѓаните и малите бизниси. Исто така може да помогне и во процесот на приближување на нашиот финансиски систем кон меѓународните стандарди и најдобри практики. Воглавно доколку концептот за Финтек е правилно имплементиран во нашата земја, исто така може да помогне и во напорите за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Резултатите од истражувањето го покажуваат следното:

  • Финтек секторот има потенцијал да донесе поширок избор и бенефити за граѓаните на Северна Македонија споредено со продуктите и услугите кои во моментот се нудат на пазарот од страна на традиционалните финансиски институции. Технологијата овозможува пристап до услугите 24/7, а на тој начин потрошувачите полесно управуваат со своите финансии и трансакции. Поголема конкуренција исто така доведува до намалување на трошоците, како и подобро потрошувачко искуство при користење на услугите.
  • Финтек секторот има значајна улога во намалување на сиромаштијата, креирање на работни места, а има потенцијал и да придонесе кон намалување на јазот помеѓу половите преку развој на фокусирана финансиска подршка на жените, бидејќи теоријата покажува дека жените се појавуваат како подобри менаџери на приходите и трошоците во домаќинството. Финтек секторот исто така може да придонесе и за развој на земјоделието преку фокусирана финансиска подршка на земјоделците во моментите кога е најпотребна.
  • Постои сегмент на финансискиот пазар заборавен од страна на банките и другите финансиски институции, кои или не можат или не сакаат да го сервисираат, а Финтек секторот може овозможи пристап и да ги доближи финансиските услуги до овој недопрен сегмет на финансискиот пазар во нашата земја.

Од спроведеното истражување на Народната Банка може да се заклучи дека Финтек станува реалност во Северна Македонија. Алтернативните финансиски друштва се во подем и се јавуваат како предводници на Финтек во нашата земја, со нови и подобри продукти и услуги во споредба со оние кои што се нудат од страна на традиционалните финансиски институции. Тие исто така се похрабри да експериментираат со финансиската технологија и воведуваат нови продукти и услуги базирани на автоматизирана апликација за кредит, мобилни апликации итн. Овие компании се инспирирани од иновациите во технолошките центри ширум светот и се водат од премисата дека потрошувачите се веќе спремни технолошки и бараат подобри, поефтини и побрзи финансиски продукти и услуги.

Регулаторна рамка

За развој на Финтек, дигитална трансформација и модернизација на финансискиот ситем потребна е регулаторна рамка која подржува иновации и раст. Истражувањето покажува дека правната и регулаторна рамка во Северна Македонија до одреден степен ги отежнува иновациите предводени од финансиска технологија. Регулативата беше посочена од страна на учесниците во истражувањето како предизвик за иновации во Финтек и влез на нови играчи на пазарот. Регулативата за платни системи е прва на листата за модернизација.

Во тек е постапка за донесување на нов Закон за платните системи и платежни услуги. Исто така, има перцепција дека регулативата не е доволно развиена за воведување и прифаќање на електронски потпис.

Она што може да се заклучи е дека законите се тука и донесени, но во практиката нема единствен пристап за спроведување, а истите различно се толкуваат од страна на актерите на финансикиот сектор. Неусогласеноста во различните закони од оваа област, на крајот ги принудува потрошувачите физички да се идентификуваат при отворање на сметка или вршење на финансиски трансакции. Регулативата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам исто така се перцепира од страна на испитаниците како обременувачка.

Во Северна Македонија, додека банките се регулирани од страна на Народната Банка, небанкарските финансиски друштва се регулирани од страна на Министерство за финансии, врз основа на Законот за финансиските друштва. Различни регулатори со различна правна рамка најчесто доведуваат до неусогласеност во третманот на банките наспроти небанкарските финансиски институции.

Учесниците во истражувањето посебно ги посочија следните слабости во однос на регулативата за небанкарските финансиски друштва:

  • Преносот на побарувања се регулира во Законот за облигационите односи. Овој закон се покажува како крут и нефлексибилен, а го отежнува прометот со побарувања. Заложниот регистар исто така е застарен. Во таа смисла, со оглед на тоа дека фактурите не се издаваат електронски, а во заложниот регистар преносот не се забележува електронски, постои голем ризик за измами, како на пример двојно плаќање за една фактура.
  • Слабата регулатива за девизно работење и недостаток на пракса со ескро сметки дополнително го отежнува прометот на побарувања. Моментално е невозможно да се пренесуваат побарувања по фактури прекугранично, ниту пак во странска валута.
  • Факторингот на фактури нема посебна регулатива, како што би требало. Некои од испитаниците сметаат дека поставување на стапка на вкупни трошоци за небанкарските потрошувачки кредити и третманот на ризичните пласмани го обременуваат овој пазар.

Небанкарските финансиски институции во истражувањето ги посочија следните предизвици во однос на регулаторната и правната рамка:

  • Неконзистентна и неусогласена регулатива за Финтек индустријата што во некои случаи доведува до неусогласеност во работењето на небанкарските финансиски друштва.
  • Различно толкување на истите прописи од страна на различни институции што доведува до правна несигурност и ризик од неусогласеност во работењето на небанкарските финансиски друштва.
  • Имплементацијата на регулативата се пролонгира, како што е во случајот со регулативата за платните системи и платежни услуги.
  • Сегашната регулатива не овозможува доволно простор за акомодирање и спроведување на бизнис моделите за Финтек, така што компаниите понекогаш доаѓааат во состојба да работат неусогласено со регулативата или надвор од регулативата.

Регулаторен капацитет

Финтек е нова област која што брзо се развива со растот на новите технологии и бизнис модели секојдневно. Регулаторите во истражувањето признаваат дека им се потребни нови знаења и капацитет за да се носат со новите компании од Финтек, како и со традиционалните компании кои воведуваат нови бизнис модели и нови финансиски продукти и услуги.

Што ни покажаа резултатите од анкетното истражување?

Во принцип, покрај предизвиците и ризиците кои се присутни, истражувањето јасно покажа дека Северна Македонија е спремна за трансформација во секторот на финансиските услуги предводена од финансиска технологија.

Потребата за развој на Финтек секторот е оправдана, а придобивките и можностите кои ги носи развојот на финтек секторот се јасни, дигиталната трансформација е во фокусот на сите инволвирани страни во екосистемот, соработката на банките и небанкарските институции со компании кои обезбедуваат услуги за поддршка на финтек секторот е во почетна фаза, свесноста за ризиците кои произлегуваат од процесот на дигиталната трансформација е на солидно ниво, регулативата е значаен фактор за поддршка на развојот на Финтек секторот, и покрај сите предизвици и ризици, постои подготвеност за трансформција на секторот за финансиски услуги.

Оцена на окружувањето – од регулаторен аспект:

Имајќи ги предвид предностите од развојот на финтек-секторот, поголем дел од испитаниците од групата регулатори (76%) сметаат дека тековната регулатива треба да се прилагоди на новите иновативни компании.

Мнозинството од испитаниците од групата регулатори сметаат дека е потребно да се воспостави Regulatory Sandbox, поголем дел од испитаниците од оваа група сметаат дека имаат потреба од повеќе вработени со финтек вештини и дека имаат потреба за развивање финтек вештини кај тековните вработени.

Партнерство со традиционалните финансиски институции

Во однос на воспостaвувањето партнерство со традиционалните финансиски институции, најголем број од испитанците одговориле дека процесот претставува предизивик, при што еден дел од испитаниците сметаат дека не можат да оценат односно дека не се сигурни. Слични се одговорите и во поглед на обезбедување финансирање од традиционалните финансиски институции.

Анализи

Македонските банки со најуспешни резултати на ниво на цел регион

Објавено

на

Повеќе од успешни се резултатите од работењето на банките во земјава минатата година, како во однос на добивката, така и во однос на обемот на работа, стабилноста и одговорноста кон новонастанатата состојба. Споредбата на финансиските резултати на банките од Република Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска покажува дека македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!

Објавено

на

Македонскиот банкарски систем е стабилен и сигурен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот, беа уверувањата од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење на банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Финансиските друштва и под предизвикувачки услови дадоа поддршка во надминување на ефектите предизвикани од Ковид – кризата, продолжуваат со отвореност за развој на финтек индустријата

Објавено

на

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамките на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%. (more…)

Продолжи со читање




Популарно