Домашни банки
Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец ноември


Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец ноември ќе се исплатат во две групи.
Сите клиенти кои примаат парични средства по основ на гарантирана минимална помош и имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 03.12.2020 (четврток).
Исплатата на средствата по основ на гарантирана минимална помош на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
– 3 декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Клиентите кои ги користат сите други парични права од социјална заштита и имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.12.2020 (петок).
Исплатата на средствата по основ на останатите парични права од социјална заштита на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
– 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Централна кооперативна банка АД Скопје ги замолува клиентите да ги почитуваат превентивните мерки, односно носење заштитна опрема на лицето, дезинфекција и соодветна дистанца со останатите клиенти на Банката како и почитување на предвидениот распоред за исплата на средствата на шалтерите во Банката.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии


Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)
Домашни банки
УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии


УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на јануарските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!