Connect with us

Домашни банки

Известување од ЦКБ за издавање домашна картичка на корисници на финансиска подршка

Објавено

на

Согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.137 од 27.05.2020 година) и Договорот за издавање на домашна платежна картичка склучен склучен помеѓу Централна кооперативна банка АД Скопје и Владата на Република Северна Македонија, Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе издава домашна платежна картичка, на чија поврзана сметка ќе се исплатува финасиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од covid-19, а со цел поттикнување на приватната потрошувачка и купувањето македонски производи и услуги во услови на намалена економска активност условена од здравствено економската криза предизвикана од вирусот covid-19, исплатена од Буџетот на Република Северна Македонија преку Владината програма П1-Мерки за справување со covid-19 кризата.

Како примател на финансиска поддршка согласно Уредбата, Банката Ве замолува да ја посетите интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, на која со внесувањето на Вашиот матичен број (ЕМБГ), може да проверите во која банка ќе Ви биде издадена домашната платежна картичка.

Доколку по проверката, утврдите дека Банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е Централна кооперативна банка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите, ЦКБ Ве замолува да ги следите следните инструкции и информации:

  • Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија;
  • Картичките ќе бидат распределени по експозитури во градовите согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка;
  • Банката ќе Ве исконтактира кога картичката ќе биде изработена и може да ја подигнете;
  • На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на Банката www.ccbank.mk ;
  • При посета на експозитурата за превземање на картичката, задолжително со себе да носите валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
  • Доколку корисник на домашна платежна картичка е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ – извод од матична книга на родени;
  • Во интерес на Вашата безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на covid-19 (задолжително носење на заштитна маска како и физичко дистанцирање).

Домашни банки

Со онлајн апликација побрзо до трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а Комерцијална банка ќе ви отвори сметка и ќе ја изработи дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Судот им го отежнува патот до правдата на акционерите на Стопанска Банка Скопје

Објавено

на

Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје до редакцијата на Банкарство достави отворено писмо преку кое имаат за цел да ги остварат своите акционерски права. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Колку чекори се потребни за подарок е-ваучер во вредност од 1.000 денари?

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во соработка со Visa International доделува вредносен е-ваучер на износ од 1.000 МКД за секоја онлајн апликација за платежна картичка од брендот Visa преку Sparky Viber Chat асистентот во само три чекори: (more…)

Продолжи со читање

Популарно