Connect with us

Домашни банки

Известување од УНИБанка за издавање домашна картичка на корисници на финансиска подршка

Објавено

на

Врз основа на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник бр.137 од 27.05.2020 година) и Договорот за издавање домашна платежна картичка склучен помеѓу УНИБанка АД Скопје (во понатамошен текст: Банката) и Владата на Република Северна Македонија, УНИБанка ќе издава домашна платежна картичка, на чија поврзана сметка се исплатува финасиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19, заради поттикнување на приватната потрошувачка и купувањето македонски производи и услуги во услови на намалена економска активност условена од здравствено економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, исплатена од Буџетот на Република Северна Македонија преку Владината програма П1-Мерки за справување со COVID-19 кризата.

Како примател на финансиска поддршка согласно Уредбата, УНИБанка Ве замолува да ја посетете интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, на која со внесувањето на Вашиот матичен број (ЕМБГ), може да проверите во која банка ќе Ви биде издадена домашната платежна картичка.

Доколку по проверката, утврдите дека банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е УНИБанка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите,  Банката замолува да ги следите следните инструкции и информации:

  • Во периодот од 18.07.2020 година, Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија;
  • Картичките ќе бидат распределени по експозитури согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка доставен од страна на Владата на РСМ;
  • На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на УНИБанка АД Скопје низ Република Северна Македонија;
  • Задолжително со себе понесете валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
  • За малолотно лице, корисник на домашна платежна картичка, кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател и носење на документ – извод од матична книга на родени;
  • Заради Ваша безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на COVID-19 (задолжително носење на заштитна маска или марама и физичко дистанцирање).

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на провизиите за платен промет со странство

Објавено

на

Почнувајќи од 01.10.2020 година, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на начинот на пресметка и наплата на трошоците за платен промет со странство во следните сегменти: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

За НЛБ Банка клиентите се секогаш на прво место и се главен двигател на активностите на банката

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје уште еднаш докажува дека за неа се најважни клиентите и дека секогаш ги следи и исполнува нивните барања! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Евтимоски го зголеми својот удел во банката

Објавено

на

Преку соопштение објавено на Македонска берза, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека претседателот на Управниот одбор на банката, г-дин Владимир Ефтимоски се стекна со 77 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно