Домашни банки
Известување од ТТК Банка за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година објави:
Известување за промена на договорните услови
за кредитните производи на правни лица
ТТК Банка АД Скопје го објавува ова известување за промена на договорни услови за кредитни производи наменети за клиентите- правни лица кои се погодени од Ковид-19 кризата, а со цел зa полесно премостување на негативните ефекти во нивното работење и олеснување на враќањето на кредитните обврски.
ТТК Банка ги упатува сите клиенти-правни лица кои користат кредитни производи во Банката и кои како резултат на кризата се соочуваат со проблеми во работењето, што може да влијае на редовното враќање на нивните кредитни обврски да се обратат до Дирекцијата за правни лица, во електронска форма на адресата: DirekcijaPravniLica@ttk.com.mk со цел да ја известат Банката за потребата за менување на постојните договорни услови.
На сите клиенти-правни лица кои ќе се обратат до Банката ќе им биде побарано да достават пополнет прашалник за утврдување на негативното влијание на економската криза, предизвикана од Ковид-19 врз нивното работење што ќе претставува основa Банката да го разгледа секое поединечно барање за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност, да ја утврди потребата од користење поповолни/прилагодени договорни услови и да достави понуда до правното лице за најсоодветно финансиско решение.
Олеснувањата во сервисирањето на обврските во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласувани со секое правно лице поединечно, а ќе вклучуваат одложување, односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на отплатата на кредитот на подолг рок, понуда на кредитни производи за ликвидносни потреби, одобрување на кредитни производи со поповолни услови за затворање на постојните кредитни изложености и друго.
Домашни банки
Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.
Домашни банки
Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)
Домашни банки
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје