Connect with us

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (26-ти април 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (26-ти април 2022 година) започна со исплата на пензијата за месец април на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд денес (26.4.2022 г. – вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 26.4.2022 г. (вторник)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 27.4.2022 г. (среда)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 28.4.2022 г. (четврток)
  • над 18.000 денари на 29.4.2022 г. (петок)

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank,  со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.

Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

Објавено

на

Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање


Популарно