Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на јануарските пензии

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти-пензионери дека почнувајќи од денес (30-ти јануари 2023 година), започна со исплата на пензијата за месец јануари на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 30.01.2023 г. (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 30.01.2023 г. (понеделник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 31.01.2023 г. (вторник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 01.02.2023 г. (среда)
- над 18.000 денари на 02.02.2023 г. (четврток)
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.
Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка