Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од 29-ти септември 2022 година

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 29-ти септември 2022 година ќе врши исплата на пензијата за месец септември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 29.9.2022 г. (четврток) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 29.9.2022 г. (четврток)
- од 11.001 до 14.000 денари на 30.9.2022 г. (петок)
- од 14.001 до 18.000 денари на 3.10.2022 г. (понеделник)
- над 18.000 денари на 4.10.2022 г. (вторник)
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.
Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство