Connect with us

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од 27-ми јули 2022 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници-пензионери дека почнувајќи од 27-ми јули 2022 година ќе врши исплата на пензијата за месец јули на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд 27.7.2022 г. (среда) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 27.7.2022 г. (среда)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 28.7.2022 г. (четврток)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 29.7.2022 г. (петок)
  • над 18.000 денари на 1.8.2022 г. (понеделник)

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.

Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно