Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 28.6.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 28.6.2022 г. (вторник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 29.6.2022 г. (среда)
- од 14.001 до 18.000 денари на 30.6.2022 г. (четврток)
- над 18.000 денари на 1.7.2022 г. (петок)
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.
Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје