Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (30-ти мај 2022 година)

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (30-ти мај 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 30.5.2022 година (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 30.5.2022 г. (понеделник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 31.5.2022 г. (вторник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 1.6.2022 г. (среда)
- над 18.000 денари на 2.6.2022 г. (четврток)
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.
Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)
Домашни банки
Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост. (more…)
Домашни банки
Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер