Connect with us

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 5-ти октомври

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од денес 05.10.2020 година започна со исплата на паричните права од социјална и детска заштита за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.10.2020 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од корона вирусот, исплатата ќе се врши во периодот од 5.10.2020 г. (понеделник) до 7.10.2020 г. (среда) во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • 5-ти октомври (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • 6-ти октомври (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • 7-ми октомври (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Од банката апелираат корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и при нивната посета на филијалите и експозитурите да пополнат барање за изработка на дебитна картичка со што ќе имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.

Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно