Connect with us

Домашни банки

Известување од Стопанска банка а.д. Битола за исплата на пензии за месец Јуни

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите почитувани клиенти – пензионери дека можат да располагаат со своите пензии започнувајќи од денес (26.6.2020 година), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите експозитури на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

РБ    Висина на пензија             Датум на исплата

1.      До 11.000 денари                26.6.2020 г. (петок)

2.     11.001-14.000 денари         29.6.2020 г. (понеделник)

3.     14.001-18.000 денари        30.6.2020 г. (вторник)

4.     Над 18.001 денари              01.7.2020 г. (среда)

Стопанска банка а.д. Битола замолува строго да се почитува распоредот за подигнување на средствата и во случај на посета на експозитурит, клиентите да се придржуваат до сите препораки и мерки за заштита. Банката советува да се држи соодветно растојание, задолжително да се носат заштитни маски и да се следат насоките кои ќе бидат дадени од одговорните.

Истовремено, за сите оние кои користат картички, Стопанска банка а.д. Битола апелира на тоа да се искористи широката мрежа на банкомати на Банката со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје за исплата на парични права од социјална заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денеска изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита за јуни

Објавено

на

Од денеска, 3 јули 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје започна да врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец јуни на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно