Домашни банки
Известување од Охридска банка за предвремена исплата на мартовските пензии


Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за март 2021 година во периодот 29.03.2021 година – 01.04.2021 година согласно Информацијата за исплата на пензии за март 2021 година на македонската влада.
Од 29.03.2021 (понеделник), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.
Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии и преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите преку мрежата на експозитури ќе се врши според редоследот утврден од владата:
Датум | Пензија |
29.03.2021 (понеделник) | До 11 000 денари |
30.03.2021 (вторник) | Од 11 001 до 14 000 денари |
31.03.2021 (среда) | Од 14 001 до 18 000 денари |
01.04.2021 (четврток) | Над 18 001 денари |
Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.
Домашни банки
Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green


Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)
Домашни банки
УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија


УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)
Домашни банки
УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра


УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје