Домашни банки
Известување од НЛБ Банка за предвремена исплата на јулските пензии


Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 28 – ми јули (денес).
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28 – ми јули пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 28 – ми до 31 – ви јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа :
- На 28.07.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
- На 29.07.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
- На 30.07.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
- На 31.07.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.
Со цел заштита на здравјетo, од НЛБ Банка апелираат до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од банката препорачуваат исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 28.07 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Од НЛБ Банка замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.
Домашни банки
НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина


НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. (more…)
Домашни банки
Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник


Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје: Известување за неработен ден – 24.05.2022 (вторник)


Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2022 (вторник). (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје