Домашни банки
Известување за работно време на експозитурите и можни прекини во сервисите на Шпаркасе Банка и Охридска банка

Известување за клиентите за работното време на експозитурите и прекини во дигиталните производи на Банката планирани за претстојниот викенд од 16.07.-19.07.2021 година, а како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Прекините се планирани како што следи:
1. Експозитури
- На ден 16.07.2021 година (петок), експозитурите на Шпаркасе Банка и Охридска банка ќе работат со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.
- 17.07.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Шпаркасе Банка и Охридска банка.
- На ден 19.07.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 08:00 часот.
- Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде 31.07.2021 година.
2. Картички, ПОС терминали, АТМ-и
- Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг од (1) еден час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.07.2021 (сабота), рано наутро, по полноќ од 02:00 – 03:00 часот.
3. Дигитални канали (електронско банкарство, мобилно банкарство, СМС известување)
- На 16.07.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14:00 – 17:00 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на платен промет во земјата и странство ќе бидат во прекин.
- Целосен прекин се очекува во период од 16.07.2021 година (петок), 17:00 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.07.2021 година (недела).
Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.
Сите подетални информации за можни прекини погледнете ги на: https://bit.ly/3r9UvkH
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка