Connect with us

Домашни банки

Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите на ТТК Банка од 1.6.2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите клиенти дека почнувајќи од 1.6.2020 година, филијалите и експозитурите на TTK Банка АД Скопје ќе работат со променето работно време од 8 до 16 часот, секој работен ден од понеделник до петок при што саботите ќе бидат неработни, освен шалтерот лоциран во ТЦ Палма Мол во Тетово со работно време од 10 до 17 часот.

Секогаш кога е можно изберете брзо, едноставно, безбедно и бесплатно безготовинско плаќање со употреба на картичката или преку електронското E-bank и мобилното M-banк банкарство на ТТК Банка АД Скопје.

Преку електронските канали, ТТК Банка АД Скопје на своите клиенти им ја овозможува целокупната понуда на банкарски производи и услуги: проверка на состојбата на сметката/кредити/картички/депозити, плаќања, oрочување на средства, аплицирање за кредит, можност за активирање известувања за секоја направена трансакција, управување со лимит за картички и многу други дополнителни услуги.

Во случај на потреба за уплата/исплата на готовина, користете ја мрежата на банкомати.

При неопходна посета на филијалите и експозитурите, од Банката потсетуваат дека е задолжително носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно