Connect with us

Домашни банки

Известување за промена на работното време на Експозитура Куманово на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги известува сите клиенти на банката дека согласно донесената одлука на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, експозитурата во Куманово во наредниот период ќе работи со изменето работно време.

„Ги информираме клиентите дека експозитурата во Куманово од понеделник до петок ќе работи од 08:30 до 14:00 часот, додека во сабота експозитурата нема да работи.” – се вели во известувањето на Банката.

Останатите експозитури ќе работат со скратено работно време, од понеделник до петок од 08:30 часот до 15:00 часот, освен Експозитура Централа која ќе работи до 16:30 часот. Целосната листа на експозитури можете да ја погледнете на следниот линк каде редовно се ажурира работното време на експозитурите. Пред секоја посета на експозитура на Шпаркасе Банка задолжително проверете го нејзиното работно време.

При посета на експозитурите на банката треба да се почитува посебниот режим за влез на најмногу двајца клиенти во исто време и да се избегнуваат редици и гужви пред шалтерите во експозитурите, со одржување на препорачано растојание од најмалку еден-два метри со другите присутни лица во експозитурата. Во сите експозитури се поставени средства за дезинфекција, при што од Банката замолуваат за Ваша заштита да ги дезинфицирате рацете при влез и при излез од експозитурата.

Поради намалените капацитети во наведениот период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за сите понуди и услуги на Шпаркасе Банка се достапни преку веб-страницата на Банката , социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно