Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од 29-ти ноември 2022 година

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти-пензионери дека почнувајќи од денес (29-ти ноември 2022 година), ќе врши исплата на пензијата за месец ноември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 29.11.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 29.11.2022 г. (вторник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 30.11.2022 г. (среда)
- од 14.001 до 18.000 денари на 1.12.2022 г. (четврток)
- над 18.000 денари на 2.12.2022 г. (петок)
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.
Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне за спас на преживеаните по разорните земјотреси во Турција и во Сирија

„Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините”, велат од Комерцијална банка. (more…)
Домашни банки
Во Халкбанк отворена донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Туркије

Во Халкбанк АД Скопје отворена е донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије. Сите кои сакаат да донираат средства, уплатата можат да ја направат на сметката 270-0641538507-69, со назнака МАТТО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ. (more…)
Домашни банки
Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје