Connect with us

Електронско банкарство

Известување за надградба на системот за електонско и мобилно банкарство на УНИБанка

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 14.11.2020 година (денес) во период од 14.00 до 20.00 часот, електонското и мобилното банкарство нема да бидат достапни поради надградба на системот.

По извршената надградба, дигиталните услуги повторно ќе бидат достапни за клиентите.

Предности од користење на електронско банкарство:

  • Можност за проверка на состојбите на Вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити
  • Изводи од Вашите сметки
  • Дневни трансакции
  • Реализирани трансакции за одреден период
  • Сите типови на плаќања – денарски, девизни како и креирање на шаблони
  • Сите останати работи кои би ги направиле во Банка

 

Активно банкарство

Услугата активно банкарство на клиентите им овозможува:

  • Отворање на сметки и депозити и надополнување на депозитите во секое време
  • Плаќања во денари и девизи со пониски трошоци во однос на хартиените плаќања
  • Процесирање на налози од фајл
  • Купување и продавање на валута
  • Можност за затварање на достасан долг по кредитна картичка

Пасивно банкарство

Услугата пасивно банкарство на клиентите им овозможува:

  • Следење на состојби на трансакциски сметки, депозити, кредитни картички, кредити;
  • Следење на тек на трансакции;
  • Следење на курсни листи;
  • Добивање на месечни извештаи за кредитни картички;
  • Добивање на изводи од трансакциски сметки и кредитни картички по e-mail.

Електронско банкарство

НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

Објавено

на

НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони.

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103005871

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103010517

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката, постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.

Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб страницатa nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Продолжи со читање

Домашни банки

Донесете ја банката во вашата домашна канцеларија

Објавено

на

Работењето од дома, кое ни го наметна корона пандемијата, претставува ненадејна промена за многумина и прилагодувањето на ваквата работа за некои би можело да биде голем предизвик. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Ново од Интернет банка на Комерцијална банка: оn-line аплицирање за кредитни картички и поднесување рекламации за трансакции со картички

Објавено

на

Комерцијална банка им овозможи електронско (online) аплицирање за кредитни картички за физички лица на сите корисници на услугата Интернет банка кои имаат опција за плаќање. Оваа дигитална услуга може да ја искористат за да аплицираат за сите кредитни картички што ги издава Банкатавклучително и новиот СМАРТ кредит преку картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно