Домашни банки
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Промена на броевите на сметки во Охридска банка АД Скопје


По преземањето на Охридска банка АД Скопје, од реномираната интернационална групација Штаермеркише Шпаркасе, со цел да се обезбеди непречено присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во изминатиот период се направија бројни подготовки.
Присоединувањето е долг и комплексен процес, единствен од ваков обем во банкарската историја во Р.С.Македонија, чие завршување е планирано за втората половина на јули 2021 година, т.е. целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.
Како резултат на присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, броевите на денарските и девизните сметки на сите клиенти физички и правни лица во Охридска банка, ќе се променат.
Од денот на присоединување и SWIFT кодот на Охридска банка повеќе нема да постои, важечки ќе биде SWIFT кодот на Шпаркасе Банка Македонија – INSBMK22.
Новите броеви на сметки ќе стапат на сила од денот на присоединување на банките. Од истиот датум, старите броеви на сметки нема да биде возможно да се користат за реализација на плаќања или за прилив на средства. Нема да се случи спојување на сметки, состојби и овластени лица на сметките од двете банки, за клиентите кои имаат сметки и во Охридска банка АД Скопје и во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Сметките од Охридска банка АД Скопје со сите постоечки овластувања ќе останат во прегледот на сметки во интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, паралелно со постоечките сметки.
Од страна на клиентите нема потреба од дополнителен ангажман, како на пример, склучување на договор за новата сметка, пренос на средства од старата на новата сметка и сл. Потребно е клиентите за новиот број на сметка навремено да го информираат својот работодавец, како и сите физички или правни лица и инстиутуции, со цел трансакциите и приливите кои ги очекуваат непречено да се извршуваат.
На следниот линк клиентите можат да го проверат новиот број на трансакциска сметка кој треба да го користат по присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје