Business Woman
Избор на најуспешни жени менаџери


Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили”.
Најуспешните жени менаџери за 2019 се избрани според веќе воспоставени критериуми, доаѓаат од успешни компани од различни области и дејности од целата држава. Тие најчесто биле препорачани, но, сепак, се почитувала и нивната лична согласност да бидат дел од овој избор.
Најсупешни жени менаџери за минатата година се Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје, Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации” – Скопје, Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг” – Гостивар, Д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла” – Скопје, Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија, Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home” – Македонија, Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group, Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус” – Скопје и „ЕКП Травел”– Скопје, Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника” – Скопје и Жанета Џафер, Генерален менаџер на „Жанета Естетик” – студио за убавина
На вечерашниот „Избор на 10 најуспешни жени менаџери од Македонија”, ќе и биде доделено специјално признание на д-р Милена Стевановиќ, директор на Универзитеската клиника за инфктивни болести и фебрилни состојби, за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19, со што се оддава почит на сите здравствени работници кои се на првата борбена линија во оваа здравствена криза.
Исто така, заради континуираната поддршка на женското менаџерство и на проектите на агенција „Марили” од 2018 до 2020 година, благодарница ќе и биде доделена министерката за образование и наука Мила Царовска.
Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на харфистката Мерсиха Шукри.
Овој настан, кој оддава признание на жените менаџери во услови на ковид-криза со посебни протоколи треба особено да биде поддршка за женското менаџерство и за компаниите да опстојат и успешно да се изборат со економската криза предизвиката од здравствената криза, велат од „Марили”.
Business Woman
Екс министерката за финансии Нина Ангеловска повторно на чело на Асоцијацијата за е-трговија


Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, повторно е на чело на Асоцијација за е-трговија на Македонија, функција која ја извршуваше пред да стане дел од Владата. (more…)
Business Woman
Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор на Триглав осигурување живот АД Скопје


Компанијата Триглав осигурување живот АД Скопје доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презема водечката позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето во Кроација осигурување. (more…)
Business Woman
Многу ентузијазам, малку среќа, Ворен Бафет и милијардата е на дофат…


Во 2002 година, Кендра Скот ја започна својата компанија за накит во својот дом, поточно буквално во резервната спална соба во Остин, Тексас, три месеци откако остана бремена со своето прво дете. Таа била на предвремено породилно отсуство, бидејќи имала комплицирана бременост и лекарите ја советувале да одмара во домашни услови. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!