Connect with us

Останато

Избор и наградување на најдобрите македонски е-трговци во организација на АЕТМ

Објавено

на

Македонските е-трговци ќе добијат можност да бидат препознаени и наградени за нивната работа. Покрај стручното жири кое ќе ги оценува е-трговците и јавноста односно е-купувачите ќе имаат можност да го дадат својот глас за оние кои сметаат дека се најзаслужни и да придонесат во изборот на најдобрите во е-трговијата.

Станува збор за нова иницијатива на Асоцијација за е-трговија во Македонија – “E-commerce Awards” (Награди во е-трговија) со која ќе се наградат најдобрите во е-трговијата во нашата земја за 2021 година. Најдобрите е-трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори. Помеѓу категориите се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за облека и обувки”, “Е-продавница на годината за бела техника и електроника”, “Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината” и др., а главната награда е резервирана за категоријата “Е- трговец на годината”.

„Организацијата на првите Ecommerce Awards (Награди во е-трговијата) е уште една иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија произлезена од мапирањето на состојбата со е-трговијата, слабостите и предизвиците, а е дел од препораките од сеопфатниот извештај од анализата на е-трговијата 2018 година. Е-трговијата одигра исклучителна улога за време на пандемијата, а понудата постојано расте. Во првите шест месеци годинава се отворени над 200 нови е-продавници. Препознавањето на добрата работа е секогаш мотивација за уште подобра работа. Изборот за најдобри во е-трговијата, од една страна ќе ги препознае и награди најдобрите, ќе придонесе за промоција на е-трговијата и кревање на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна ќе придонесе за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.” – вели д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ.

Пријавувањето на е-трговците е бесплатно и истото ќе може да се направи на следниот линк.

„Преку внимателно дизајниран процес и методологија по примерите на ваквите иницијативи од развиените земји, но со соодветни адаптации спрема нашиот пазар Ecommerce Awards 2021 ќе се одвива во неколку фази. Процесот ќе започне со номинации и собирање апликации од е-трговци, кои ќе траат до 12 јануари 2022 година по што ќе следи објава на номинираните компании. Следните фази вклучуваат гласање од јавноста, како и гласање од жири комисијата која е внимателно одбрана и ќе се состои од стручни лица. Последната фаза ќе биде прогласување на победниците проследено со свечен настан кој ќе се одржи во март 2022 година.” ​- додава Ива Марковска, Проектен менаџер на иницијативата Ecommerce Awards​ во АЕТМ.

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

Пријавите за прибирање номинации се отворени. Компаниите кои сметаат дека треба да се најдат на листата на номинирани за гласање се поканети да пополнат пријава за учество најдоцна до 12ти јануари 2022. Повеќе информации за правилата за учество дознајте на официјалната веб страница: ecommerceawards.mk.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно