Connect with us

Домашни банки

Избегнете ги шалтерите со дигиталните услуги на Комерцијална банка

Објавено

на

Потребата од посета на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје станува сѐ помала бидејќи дигиталните услуги и производи на Банката стануваат сѐ подостапни. Со континуирани инвестиции во современите банкарски технологии, Комерцијална банка го прави побрзо и полесно извршувањето на финансиските трансакции, а на клиентите им овозможува и поголема заштита на здравјето во услови на пандемија од вирусот Covid-19.

Можноста за уплата на готовина на банкомат веќе е достапна на 27 банкомати на Банката, распоредени низ целата држава. Сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички, како и сите правни лица корисници на дебитни картички издадени од Комерцијална банка, може да вршат уплата на книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Улатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата, односно на основната трансакциска сметка на правното лице-имател на картичката.

Секако на овие банкомати, клиентите имаат можност и да подигнуваат готовина, за што им стои на располагање и мрежата од вкупно 169 банкомати низ државава, од кои 30 веќе се со екран на допир.

Клиентите не мораат да одат на шалтер дури ни за плаќање на сметки за јавни услуги (А1, ЕВН, БЕГ, Телеком и Телекабел), печатење извод од трансакциска сметка на физичко лице, замена на евра во денари. Тоа може да го извршат едноставно и брзо преку дигиталните киосци на Комерцијална банка лоцирани во Дигиталната експозитура на ул. Македонија и во реновираната експозитура Бисер во Скопје.

Комплетната листа на банкомати на Комерцијална банка со информации за функциите што ги нудат е достапна на следниот ЛИНК.

Уживајте во погодностите што ви ги нуди Комерцијална банка АД Скопје и бидете одговорни и кон вашите финансии и кон вашето здравје во исто време.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно