Connect with us

Форекс

Избегнатиот воен конфликт помеѓу САД и Иран им даде “ветер во грб” на берзите

Објавено

на

Акциите на американските и европските берзи одново се на максимално ниво, бидејќи САД и Иран се воздржаа од понатамошни воени акции, а дополнително кон растот на оптимизмот на инвеститорите влијаеше и најавата дека идната недела ќе биде потпишана првата фаза од американско-кинескиот трговски договор.

Берзанските индекси на Волстрит на отворањето на тргувањето достигнаа рекордна висина, додека најмногу на нивниот раст допринесе порастот на акциите на технолошките компании – Фејсбук, Алфабет, Амазон, Епл и Нетфликс, по оптимистичките коментари на претставниците на брокерските куќи, објави Ројтерс.

Индустрискиот индекс Дау Џонс зајакна на отворањето за 106,88 поени или 0,37% на 28.851,97 поени, С&П 500 напредуваше за 12,98 бодови или 0,40% на 3.266,03 поени, додека технолошкиот Насдак Композит порасна за 73,03 поени или 0,80% на 9.202,27 бодови.

Рекорди се нижеа и на европските пазари на акции, бидејќи инвеститорите се вратија на вложување во ризичните акции охрабрени од вестите на блискиот исток и американско-кинескиот договор.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 порасна за 0,31% на 419,64 поени, лондонскиот ФТСЕ 100 исто така за 0,31% на 7.598,12 поени, германскиот ДАКС за 1,31% на 13.495,06 поени, додека францускиот КАК за 0,19% на 6.042,55 поени.

Во азија, индексот на Токиската берза Никеи 225 скокна за 2,31%, хонгконгшкиот Ханг Сенг се зголеми за 1,68%, додека Шангајскиот композит регистрираше пораст од 0,91%.

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Зошто биткоинот повторно безглаво ја зголемува вредноста?

Објавено

на

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно