Connect with us

Форекс

Ивана Гажиќ нов член во Одборот на директори на Македонска берза

Објавено

на

Во согласност со член 166-б од Законот за хартии од вредност, Македонска берза известува дека поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на 28.05.2021 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана г-ѓа Ивана Гажиќ.

Ивана Гажиќ e актуелна директорка на Загребската берза, а Одлуката за нејзино именување како член на Одборот на директори на Македонска берза е очекувана. откако во март годинава Загребската берза соопшти дека планира зголемување на уделот што го поседува во Македонската берза.

Заклучно со крајот на 2020 година, Загребската берза поседува(ше) 5,30% од акциите на Македонска берза АД Скопје. Но, со најавената нова трансакција, односно со планираното зголемување на уделот од дополнителни 9,89%, Загребската берза ќе биде втор најголем акционер во Македонската берза со 15,19 проценти од акциите.

Неофицијално, акциите што Загребската берза сака да ги купи со цел да го зголеми уделот се акциите кои ги поседува(ше) Еуростандард банка, која во моментов е под стечајна постапка откако Народната банка на Република Северна Македонија на 12-ти август минатата година и ја одзема дозволата за работа поради неисполнување на минималните услови за работа.

Форекс

Македонска Берза: Вкупниот промет на берзата во месец мај изнесувал 472.874.001 денари

Објавено

на

Македонска берза ги објави податоците од статистичкиот билтен кој се однесува за периодот од 01.05 – 31.05.2021 година, кога вкупниот промет изнесувал 472.874.001 денари, односно бележи намалување за 31,12% во однос на претходниот месец (април). (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Факти за котираните компании на Македонска берза за 2020 година

Објавено

на

Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на нафтата највисоки од март

Објавено

на

Цените на нафтата во Лондон скокнаа на највисоко ниво од март – на 71 американски долари, поради зголемените очекувања за зголемена побарувачка на гориво за време на сезоната на летни патувања во САД. (more…)

Продолжи со читање


Популарно