Connect with us

Останато

Зукерберг профитираше за време на пандемијата и го зголеми своето богатство на 87,8 милијарди долари

Објавено

на

Директорот и основач на најпознатата социјална мрежа „Facebook”, Марк Зукерберг напредуваше на списокот на милијардери на „Bloomberg”, надминувајќи милијардери како Бернард Арно, генералниот директор на францускиот ланец за луксузни добра „LVMH” или Ворен Бафет, директор на „Berkshire Hathaway INC”.

Откако тој самиот објави дека „Facebook” може да профитира од начинот на работа од дома, поради пандемија на коронавирусот, тоа и се случи. „Bloomberg” сега го проценува богатството на Зукерберг на 87,8 милијарди долари, додека на Бернард Арно тоа изнесува 81,1 милијарди долари, а Ворен Бафет „тежи” 68,9 милијарди долари, пренесува „Business Insider”.

Пред една година, листата на „Bloomberg” изгледаше поинаку. Богатството на Зукерберг во мај 2019 година беше проценето на 72,5 милијарди долари, на Бернард Арно на 89,6 милијарди долари, додека на Ворен Бафет на 83,5 милијарди долари.

До пред еден месец, и Бафет и Арно имаа поголемо богатство од основачот на „Facebook”, но ситуацијата се промени како резултат на влијанието на пандемијата на коронавирусот врз нивниот бизнис. Нето богатството на Зукерберг во април беше 68,1 милијарди долари, а денес тоа е зголемено за речиси 20 милијарди и изнесува 87,8 милијарди долари.

„Работата од дома, на далечина ќе ни даде можност да ги унапредиме некои од најважните идни технологии на кои работиме. Голем дел од она што досега го работевме и сеуште го работиме им помага на луѓето полесно да комуницираат и да се чувствуваат поврзани и покрај тоа што не се физички заедно“, рече Зукерберг во своето онлајн обраќање.

Извршниот директор на „Amazon“, Џеф Безос и основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, сè уште се најбогатите луѓе во светот.

Останато

Богатството на Џеф Безос расте се повеќе и повеќе, надминувајќи 180 милијарди долари

Објавено

на

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Amazon“, соопшти „Forbes“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ОДНОВО СЕ ПАЛИ АЛАРМОТ: Стопанската комора на Србија повторно го активираше Ковид-19 инфо сервисот

Објавено

на

Стопанската комора на Србија ја реактивираше специјализираниот информативен сервис Ковид-19, преку кој бизнисмените можат да добијат информации за сите клучни деловни проблеми. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот

Објавено

на

Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно