Connect with us

Странски банки

Зошто швајцарските банкари не сакаат да се укине кешот?

Објавено

на

Здружението на банкари на Швајцарија во новиот извештај оценува дека кешот како форма на платежно средство не смее да биде укинат без оглед на се поголемата и доминантна улога на безготовинското плаќање преку банкарски дебитни или кредитни картички, како и преку специјализирани мобилни апликации.

Според швајцарските банкари употребата на готовина во секојдневниот промет не треба да се напушти или елиминира како можност која ќе им биде достапна на корисниците. Замислата за електронско плаќање колку и да е привлечна носи и одредени предизвици кои ќе испливуваат се повеќе на површина.

Најпрво, во прашање е личната слобода на корисниците да употребуваат различни средства за плаќање, па така парите во кеш не треба да се отстранат, бидејќи се уште има голем процент од населението кое не е вклучено во новите трендови и има реални пречки. Исто така, не сите земји се на исто ниво на технолошки и економски развој како во Кина или Шведска каде мобилното плаќање има најголем примат во однос на останатите методи на парични трансакции.

Во извештајот на Здружението на банкари на Швајцарија се наведува и дека во дигиталната ера се повеќе се јавуваат грижите за нарушување на приватноста на корисниците. Секоја дигитална трансакција остава одреден запис и траг кои потоа лесно може да се следат за активностите и навиките на потрошувачите. Затоа ќе има одреден број на корисници кои нема целосно да ги прифатат мобилните и безготовинските методи на плаќање во обид да ја сочуваат својата приватност и начинот на кој се постапува со нивните лични податоци.

Швајцарските банкари го цитираат и рускиот писател Достоевски кој во своите мемоари за сибирскиот затворенички логор напишал „Парите ја коваа слободата“. Поаѓајќи од оваа мисла задржувањето на кешот ќе осигура дека и тие кои немаат мобилни апликации за електронско плаќање или други видови на дигитални паричници дека ќе бидат дел од пазарот без оглед на сите аргументи за едноставност, брзина, ефикасност и помали трошоци.

На слободното општество му е потребна договорна слобода, избор и почитување на личната приватност. Затоа, повиците за регулирање и ограничувања на начините на плаќање треба да бидат целосно отфрлени. Сепак, либералниот економски поредок бара целосна цена на трошоците. Доколку различните форми на плаќање доведат до различни трошоци, тогаш тоа треба да се одрази во цената, заклучуваат швајцарските банкари.

Странски банки

Лондонската компанија „Schroders Plc” го зголеми својот удел во НЛБ банка

Објавено

на

Лондонската компанија „Schroders Plc” го зголеми својот удел во словенечката Нова Љубљанска банка (НЛБ) на 5,108%, соопшти банката. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Бруто-добивката на хрватските банки се намали за 22,7 проценти во првиот квартал

Објавено

на

Во првиот квартал од оваа година, банките во Хрватска пријавија оперативен бруто-профит од 1,25 милијарди хрватски куни односно 164,7 милиони евра, што е за 368,6 милиони хрватски куни или 50,9 милиони евра помалку во однос на истиот период во 2019 година, според објавените податоци на Хрватската народна банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ се подготвува за печатење на нови 500 милијарди евра

Објавено

на

Инфлацијата во Еврозоната падна на најниско ниво за четири години, поради што аналитичарите и учесниците на пазарот предвидоа нови парични стимулации од Европската централна банка, објави „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно