Connect with us

Останато

Зошто шампионот за инвестирање се смета за најголем губитник меѓу милијардерите за време на Ковид-19?

Објавено

на

Според индексот на милијардери на „Bloomberg“, богатството на Ворен Бафет, актуелен претседател на „Berkshire Hathaway“, годинава се намали за околу 19 милијарди долари. Сепак, тој и натаму е меѓу најбогатите луѓе во светот, поточно шести најбогат човек со нето вредност од 70,4 милијарди долари.

Остриот пад на неговото богатство и голем број негови неодамнешни одлуки ги натера неколку негови следбеници и аналитичари на пазарот да се посомневаат во неговата стратегија.

Бафет е познат како шампион за инвестирање, кој секогаш ги охрабрува луѓето да купуваат и да ги чуваат акциите. Но, наспроти ова тврдење и тој самиот беше принуден да се откаже од голем број на големи инвестиции во првиот квартал на оваа финансиска година, кога пазарот беше во слободен пад, пренесува „ET“.

„Berkshire Hathaway“ ги продаде сите свои удели во четирите најголеми американски авиокомпании, бидејќи коронавирусот ја блокираше побарувачката за патувања.

„Светот се промени поради коронавирусот. Погрешив мислејќи дека се исплаќа инвестирањето во авиоиндустријата“, изјави Бафет на годишната конференција на акционери која оваа година поради пандемијата на коронавирусот се одржа пред празната конференциска сала.

„Berkshire Hathaway“ во првите три месеци од годината забележа нето загуба од близу 50 милијарди американски долари.

Врвни експерти од областа велат дека инвестициската стратегија за одржување на акции засекогаш е застарена. Секторите или деловните активности што изгледаат добро денес, можат да бидат застарени за помалку од една деценија.

Моментално фокусот на пазарот сега е повеќе насочен кон залихите за раст, сметаат дел од финансиските аналитичари.

 

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно