Connect with us

Кредити

Зошто треба да вложувате во енергетски ефикасни производи и проекти

Објавено

на

Во време кога сме сведоци на постојан раст на цената на енергијата, станува сосема јасно дека примената на мерки на енергетска ефикасност е најевтиниот и честопати најнепосредниот начин за намалување на потрошувачката на енергија.

Но, подобра енергетска ефикасност не придонесува само за намалување на потрошувачката на енергија и обезбедување на пониски трошоци во домаќинствата, туку придонесува и за помали емисии на стакленички гасови во атмосферата и вложување во поздрава животна средина.

Ако се проценува дека во просек 40% од потрошената енергија во една земја отпаѓа на потрошувачката во домаќинствата, а тој процент е уште поголем во понеразвиени земји, евидентно е дека токму овој сектор е исклучително важен бидејќи со мерките на енергетската ефикасност потрошената енергија може значително да се намали.

Експертите имаат пресметано дека изолацијата на надворешните ѕидови на станбен објект ја намалува потрошувачката на енергија за 32,0%, промената на прозорци – за 11,0%, изолацијата на покрив – 7,8%, а изолација на под – 5,8%.

И во нашава земја последните години расте свеста кај граѓаните за тоа дека со примена на вакви мерки можат да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и да влијаат позитивно на семејниот буџет. Доказ за тоа се и податоците што покажуваат дека во последните 10 години имаме перманентно намалување на финалната потрошувачка како на електрична енергија, така и на вкупна електрична енергија по глава на жител, пред се како резултат на преземање активности поврзани со енергетската ефикасност.

Сепак, подобрување на енергетската ефикасност во старт значи инвестиција, а токму за тоа Халкбанк АД Скопје креираше Еко Потрошувачки кредит кој е со максимален износ до 600.000 денари, рок на отплата до 95 месеци и вклучен грејс период до 3 месеци. Каматната стапка е варијабилна, дефинирана како: 3,75 процентни поени + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 2%(5,75% номинална годишна). Провизијата за обработка на кредитот изнесува 0,5 %, додека надоместот за предвремена отплата е 0%. Средствата треба да се искористат наменски за подобрување на изолација/поставување фасада, замена на врати и прозорци, замена на стари котли и грејни тела, инсталирање на енергетски ефикасно осветлување, инсталирање на соларни системи за греење вода, замена на стара климатизација и изградба на системи за централно греење.

Затоа, доколку планирате инвестиција  во вашиот дом со што би ја зголемиле енергетската ефикасност, би ги намалиле трошоците за електрична енергија и би придонеле за заштита на природата, Еко потрошувачкиот кредит е идеално решение за Вас.

Кредити

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно