Connect with us

Анализи

Зошто совршениот лидер не треба да се плаши и што се мора да поседува?

Објавено

на

Не е тајна дека на задоволството на вработените од работата, освен висината на платата и условите за работа, исто така значително влијае и односот со надредениот.

Слично размислуваат и вработените во најпознатиот светски интернет пребарувач (иако Гугл е многу повеќе од тоа) решиле да ги истражуваат квалитетите на „совршен“ лидер.

Еве ги резултатите до кои тие дојдоа:

1. Тој е добар тренер

На вработените им е потребно, а и многу го ценат својот надреден кој е подготвен да одвои дел од своето драгоцено време со цел да им го пренесе знаењето кое тој го поседува на своите вработени. Воедно, добар лидер е оној кој знае како да ги мотивира членовите на тимот. Не постои вработен на кој не му е потребно да биде управуван и насочуван кон целта, без разлика дали се работи за поискусен и докажан вработен, или станува збор за практикант кој штотуку го започнува своето работно „патување” во компанијата. Најлошото нешто што еден менаџер може да го направи е да не им дава фидбек и совети на вработените за работата што ја извршуваат. Доколку вработените ја извршуваат правилно работата, добриот лидер потребно е да им даде до знаење дека се движат во вистинска насока и само така да продолжат, односно доколку вработените не ги извршуваат во целост работните обврски, добриот лидер е должен да им помогне да ги исправат грешките, да ги изнесе на прав пат, без да ги критикува.

2. Им дава важност на вработените и не е ситничав

Преоптоварувањето со мали незначителни нешта и постојано надгледување и контролирање на работата на вработените, генерално резултира во незадоволство и фрустрација кај вработените. И покрај фактот дека намерите на лидерот можеби се добри, тој со таквиот пристап им испраќа порака на вработените дека не им верува во тоа што го работат и должен е се да им исконтролира. Добриот лидер има целосна доверба во луѓето кои го опкружуваат, тие то го чувствуваат, слободни се во извршувањето на своите работни обврски, без притисок, па дури и да погрешат, а тоа се одразува значително врз нивната продуктивност. Колку вработените чувствуваат помал притисок од надредениот, толку тие се далеку попродуктивни.

3. Создава инклузивно опкружување, се грижи за успех и благосостојба на вработените

Добар лидер нема проблем со создавање квалитетно деловно опкружување што овозможува преземање ризици и правење грешки. Имено, една од клучните причини зошто вработените не пробуваат нови, креативни работи што можеби не гарантираат успех, но потенцијално носат многу, лежи во фактот дека тие немаат работна околина во која е дозволено да се направат грешки. Иако, сите сме свесни дека не може секоја идеја да биде успешна и да ни донесе успех, туку треба да се соочиме и со доживување неуспех. Добриот лидер создава инклузивно опкружување и квалитетна работна средина во која вработените се чувствуваат како едно големо семејство, сите се слободни да дадат идеи без разлика дали тие се добри или не, се бројат успесите, а не грешкитеи пред се важна е среќата, задоволството и благосостојбата на вработените. Во такви услови, успехот е неминовен!

4. Тој е продуктивен и ориентиран кон резултати

Никој не сака да работи за мрзелив надреден, кој делува како да нема волја за живот. Тоа е факт. Секој вработен сака да биде дел од тим кој остварува деловен успех, а успех во работењето тешко се постигнува доколку во тимот нема квалитетен и добар лидер кој е пример за вработените и ги води напред. Добриот лидер е посветен на работата, бара максимални резултати, работи повеќе од своите вработени со што им дава пример дека со работа и труд се остваруваат целите и знае како да го извлече максимумот од секој вработен.

5. Тој е добар комуникатор – ве слуша и споделува важни информации

Ефективната комуникација е една од основните квалитети на квалитетен лидер. Едноставно, за да постигнеме одредени цели со помош на вработените, прво треба да дефинираме прецизно и јасно што точно сакаме да постигнеме. Доколку нема квалитетна комуникација во тимот, лидерот нема да знае дали некој од вработените има потешкотии при извршување на работата, а тоа ќе доведе до застој во работењето и ненавремено завршување на обврските и проектите.

Добриот лидер гради одлична комуникација со секој член на тимот, но таа е пријателска, без вработените да имаат чувство дека тој постојано ги контролира и надгледува. Подеднакво важна работа во процесот на успешна комуникација е можноста да се слуша лицето со кое комуницираме. Со самото тоа што ги слушате вработените, тие се чувствуваат особено ценети. Добриот лидер воспоставува толку квалитетна комуникација со своите вработени што тие споделуваат и најситни детали, без разлика дали се работи конкретно за работата или за приватниот живот, а тој е секогаш спремен да ги ислуша и доколку е потребно да ги советува.

6. Го поттикнува напредокот на своите вработени и секогаш отворено дискутира за нивните перформанси

Добар лидер бара начин како да го ослободиме потенцијал на своите вработени и да им овозможи максимален личен и професионален развој што ќе биде од полза за самата компанија. Но, најпрво треба јасно да дефинира и да им каже што точно очекува од нив и да им објасни како да го постигнат тоа.

Добриот лидер секогаш отворено дискутира со вработените за нивните перформанси, им дава повратни информации за нивната работа и остварените резултати и притоа им дава корисни совети како да се подобрат без да ги критикува. Со тоа квалитетниот лидер создава работна околина и опкружување во кое е удобно да се работи, без притисок, а тој станува надреден онаков како што секој вработен би посакал.

Во такви услови, вработените ќе го достигнат својот максимум, работата ќе ја извршуваат со ентузијазам и резултатите ќе бидат беспрекорни.

7. Има јасен визија и стратегија за неговиот тим

Ок, им разјаснивте на вашите вработени што очекувате од нив и кои се нивните индивидуални задачи, но сепак, сè уште има простор за напредок и дополнителен развој на поврзаноста со целите на компанијата.

За вработените вистински да ја разберат и прифатат корпоративната организациска култура, добриот лидер треба да ги запознае добро со централната деловна визија на компанијата. Тој треба да биде секогаш тука за нив, за се што им е потребно, да им посочи дека нивната работа и резултатите кои тие ги постигнуваат се вклопуваат во „поголема слика“ согласно целите на компанијата и да им даде до знаење зошто секоја личност во тимот е важен елемент во „механизмот“. Исто така, да им предочи дека се на вистински пат и дека тие несомнено дополнително ќе растат и напредуваат како од финансиска гледна точка, така и од интелектуална.

Практично, добриот лидер треба да им даде до знаење на членовите на својот тим дека тие ќе доживеат раст и развој во секој сегмент.

8. Го има сето потребно техничко знаење

Главните особини и карактеристики на добриот лидер е да мотивира, да координира, повремено да контролира и да биде пример за своите вработени. Но, колку што се важни таканаречените „меки вештини” (soft skills), особено важно за квалитетниот лидер е и техничкото знаење.

Добриот лидер не смее да си дозволи да поседува помалку информации од своите вработени. Нормално, од лидерот не се очекува да биде „сезнајко” или да не смее да направи грешка, туку треба да биде личност која гради авторитет врз богато знаење и искуство.

Вработените особено ги ценат менаџерите кои целосно се запознаени со тоа што тие го работат. Притоа, доколку вработените направат некоја грешка при работењето, лидерот треба да даде корисен совет како тоа да се исправи. Но, сето тоа не би било можно доколку добриот лидер нема техничко знаење и не поседува огромно искуство.

9. Тој не се плаши да донесе одлука

Претходно, заклучивме дека добар лидер има способност да ги слуша своите вработени и да ги разгледа сугестиите и идеите на членовите во тимот. Но, врвниот лидер освен што треба да има способност да слуша, треба да е способен да препознае добра идеја и врз база на таа идеја да донесе правилна одлука, што ќе биде од корист и за вработениот, но и за компанијата.

Притоа, квалитетниот лидер освен што прифаќа сугестии од своите вработени и врз база на тие сугестии донесува одлуки кои се во корист на подобрување на квалитетот на извршување на работата, способен е на вработените да им посочи дека одреден успех на компанијата е постигнат благодарение на нивната идеја и сугестија.

Исто така, добриот лидер е спремен брзо и правилно да одлучува, но за секоја одлука им ги кажува причините на членовите во тимот, зошто е донесена таа одлука.

Анализи

Олеснети условите за кредит, се очекува трендот да продолжи

Објавено

на

Олеснување на кредитните услови во последниот квартал од 2019 година покажуваат објавените податоци од Анкетата за кредитната активност. Олеснување на условите има и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Очекувањата се дека и во првиот квартал од оваа година ќе има натамошно олеснување на кредитните услови. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Се поевтини кредити во последните 5 години, но паѓаат и стапките на депозитите

Објавено

на

Каматните стапки на кредитите во последните пет години бележат постојан пад. Таков е трендот и за последниот статистички преглед за месец декември 2019 година кога каматната стапка на кредите се спуштила за прв пат под просекот од 5%. Ова се должи и на продолжувањето на послободна монетарна политика и помали трошоци за издавање на кредити на банките. Од друга страна пак, штедачите во последните пет години имаат помали каматни приливи на своите конта бидејќи исто така се намалуваат и каматните стапки за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Пакомак – прва македонска компанија која воведува светски тренд во рециклирањето

Објавено

на

Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемена консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за одржување на чиста и незагадена околина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно