Connect with us

Останато

Зошто се потребни инвестиции за развој сега и веднаш?

Објавено

на

Како што ќе се ублажуваат негативните ефекти од пандемијата и ќе се достигнува задоволителен степен на имунизација на населението, како главни теми во наредниот период ќе се наметнат економските решенија за брзо заздравување на македонската економија. Како едно такво решение е и реализацијата на мега-инвестицискиот Проект Иловица-Штука.

Во јавноста сẻ уште постојат неколку отворени прашањата со кои се поврзува овој Проект и токму затоа, ние како компанија, сме во постојана комуникација со сите заинтересирани страни користејќи низа на различни начини и канали на комуникација со кои се стремиме веродостојно да информираме за вистинските аспекти поврзани со реализацијата на Проектот. Како една од тие наши активности, беше и дистрибуцијата на Информативен Магазин доставен до 3500 домаќинства од општините Босилово и Ново Село. Во Информативен Магазин се вклучени прашања и одговори кои беа отворени и се во интерес на јавноста, се со цел подобро запознавање на вистинските аспекти поврзани со Проектот Иловица-Штука.

Оваа комуникација и дебата ќе ја одржуваме и поддржуваме и во наредниот период, се со цел правилно информирање за работењето на идниот рударски комплекс за бакар Иловица-Штука.

Од економска гледна точка нема дилема за позитивните аспекти од реализацијата на овој Проект, меѓутоа зошто оваа инвестиција е потребна веднаш и сега?

Имено, за реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе бидат потребни 340 милиони евра директни странски инвестиции, ќе се отворат нови 3200 работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс, ќе се реализира извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се уплаќаат минимум 24 милиони евра годишно за даноци. Како краен ефект, со работењето на идниот рударски комплекс, се проценува дека просечно ќе се придонесе до зголемување на Бруто Домашниот Производ за 3% на национално ниво.

Дополнително, покрај овие позитивни параметри кои би се оствариле од реализацијата на Проектот, неговата реализација може значајно да им помогне на нашите институции во досега успешното одржување на стабилниот курс на денарот и во ублажување на евентуалните ефекти предизвикани од инфлацијата во наредниот период.

Имено, краткорочниот ефект, преку реализација на оваа директна странска инвестиција ќе се овозможи значаен прилив на девизи во државата, со што во значајна мера ќе се помогне во одржувањето на билансот на плаќање, во услови на негативен трговскиот дефицит поради повисокото ниво на увоз во однос на извозот. Дополнително, овие девизи ќе бидат значаен прилив за одржувањето или зголемувањето на девизните резерви и одржувањето на стабилниот курс на денарот во однос на еврото. Додека, долгорочно, извоз од 200 милиони евра на годишно ниво значајно ќе го намали трговскиот дефицит, и на ист начин позитивно ќе влијае преку обезбедување на прилив на девизи во износ од 2400 милиони евра во текот на 20 годишното работење на идниот рударски комплекс за бакар Иловица-Штука.

Додека, во врска со инфлацијата, која генерално е резултат на глобалните текови и моментално успешно се одржува од страна на нашите институции, може дополнително да се ублажи преку создавање на дополнителна вредност во економијата и преку креирање на нови работни места со реализацијата на Проектот Иловица-Штука.

Сето ова го посочува значењето на реализацијата на Проектот Иловица-Штука врз македонската економија и ја наметнува потребата оваа инвестиција да се реализира веднаш и сега.

Никола Гулев, Главен финансов директор во Еуромакс Ресоурцес

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно