Connect with us

Странски банки

Зошто Италија ја држи во заложништво Европската банкарска унија?

Објавено

на

Италија прерасна во засега најголемиот кочничар на процесот кој треба да резултира со најголемата реформа на европската монетарна унија со креирање на Европска банкарска унија и нов солидарен фонд Европски механизам за стабилност. Идејата на Европската банкарска унија е да спречи распад на еврозоната со големи задолжувања на европските влади кај нивните банки, односно да се постави лимит колку од националниот долг може да го сервисираат комерцијалните банки.

Оваа идеја е ставена во заложништво од страна на најголемиот евроскептик Матео Салвини со кого најпрво ќе треба да се постигне компромис на домашната италијанска политичка сцена. Овој „подвиг“ може да биде исклучително тежок бидејќи неговата партија „Северна лига“ која ќе се натпреварува на претстојните регионални избори во Италија, па нивните гласови може да бидат потребни за коалиции.

Исто така спротиставувањето на Салвини на „европски“ теми само дополнително може да му даде гориво во неговиот подем кој привремено беше сопрен со победата на актуелниот премиер Џузепе Конте.

Главните аргументи на Салвини против Европската банкарска унија се дека ќе се загрозат придобивките на италијанските граѓани кои вложуваат средства во државни обврзници. Секако токму со финансирање на државниот долг на земји за бавен економски раст како Италија може да создаде услови за нова финансиска криза, а со тоа и големи последици врз еврозоната и европскиот пазар.

Италија засега според официјалните позиции на владата во Рим бара во пакетот за новата Европска банкарска унија да влезе и обврска за осигурување на депозитите на штедачите на европско ниво. Но, истовремено се спротивставува на барањата банките прво да бидат спречени да држат преголем долг од сопствената земја, или заедничкото осигурување на депозити нема да дојде во предвид.

Ова прашање го потегна и германскиот министер за финансии Олаф Шолц, па така постои можност за постигнување на консензус.

Шефот на централната банка на Италија, Игназио Виско, во неколку наврати изјави дека намалувањето на суверенитетот на банките за нивната изложеност може да биде прифатливо но само ако, во исто време се воведе заедничко „безбедно средство“ на еврозоната – „еврообврзница“. Сепак, ова решение е анатема за Германија и другите северни држави.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно