Connect with us

Колумни

Зошто е многу важно здравственото – патничко осигурување

Објавено

на

За планирање на одмор е потребно време и пари. И покрај вашите добри намери, животот е непредвидлив и може да се најдете во тешка ситуација на непознато место. Затоа е важно да се чувствувате сигруно и безбедно дури и ако се случи најлошото.

Ако патувате во соседните земји и странство земањето патничко осигурување е високо препорачано!

Сите знаеме дека лекувањето дома и во странство е многу поразлично, гледано од финансиски аспект. Во случај на неволја, па дури и најбезболното згазнување на морско еже, може да ви направи непотребни грижи, страв и паника да не знаете кому да се обратите и колку би Ве чинела медицинска помош?

Затоа постојат осигурителните компании кои ви нудат надоместок на секој вид повреда или болест во текот на вашето патување.

Кои се главните бенефиции на здравственото – патничко осигурување?

Добивање помош во странство

Илјадници патници доживуваат некаков проблем кога се на одмор во странство секоја година.

Имањето патничко осигурување е клучно кога патувате. Ако се разболите или имате несреќен случај додека сте во странство, патничкото осигурување може да ви гарантира дека ќе го добиете најдобриот квалитет на нега и ќе можете да се преселите, или дома или во подобра здравствена установа, доколку е потребно.

Патничко осигурување ви обезбедува заштита од медицински трошоци

Ако ви треба лекарско внимание додека патувате, можеби ќе бидете одговорни за трошоците за вашиот третман ако немате патничко осигурување.

Во многу земји, медицинскиот третман за посетителите може да биде неверојатно скап, дневните трошоци за хоспитализација во Југоисточна Азија редовно надминуваат 800 долари, цената на медицинските евакуации од САД редовно се движи од 75.000 до 95.000 долари, а во екстремни случаи, и до 300.000 долари.

Без патничко осигурување, пореметувањето на патувањето може да ви чини богатство. Во многу случаи, ќе ги изгубите парите што веќе сте ги платиле и мора да платите за нови резервации.

Многу патни пакети за осигурување ќе Ве покриваат за инциденти кои се надвор од вашата контрола, така што вие не мора да потрошите сопствени пари ако нешто тргне наопаку.

 

Колумни

Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Објавено

на

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Користење на технологијата за напредок

Објавено

на

Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација

Објавено

на

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). (more…)

Продолжи со читање



Популарно