Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Електронско банкарство

Зошто да присуствуваш на Конференцијата за Е-трговија “Бизнис раст со е-трговија”?

Објавено

на

Во време на социјални медиуми и дигитална комуникација, честопати забораваме на важноста да се биде на место каде што можеме лице во лице да поразговараме со други луѓе од деловната заедница. Ова е особено точно за сопствениците на мали бизниси, кои најчесто се многу зафатени со извршување на повеќе работни позиции одеднаш, така што мислата да одвојат неколку часови или денови надвор од својата канцеларија за да учествуваат на конференција може да им изгледа како губење на време.

Постојат и такви, кои што сметаат дека да се биде околу конкурентите може да биде шанса за другите да ги украдат вашите идеи. Но, не секој во вашиот бизнис е всушност конкурент, бидејќи многумина можат да бидат ваши сојузници и пријатели.  Сепак, овие средби може да бидат и токму она што ви треба за да откриете нови начини за развој на вашата деловна активност. Вашиот начин на размислување значително ќе влијае на вашите резултати.

Наш предлог за една ваква значајна конференција во Скопје, која што дефинитивно би требало да ја посетите еКонференцијата за е-трговија што ќе се одржи на 25 октомври во хотел DoubleTree by Hilton Skopje. Подолу може да прочитате 5 причини зошто да присуствувате на оваа конференција:

  1.   Образовни можности

Без оглед на тоа колку сте искусни во вашиот бизнис, секогаш можете да научите некои дополнителни работи. Со работење без изложеност на различни гледишта, лесно можете да ги пропуштите новите идеи и трендови кои што можат да влијаат на вашите идни резултати. Едукативниот аспект на конференцијата пак, може да ве изложи на нови начини на водење на вашата деловна активност и да ви помогне да откриете како да бидете попродуктивни.

  1.   Вмрежување

 Конференциите претставуваат одлична можност за вмрежување и  поврзување со соработниците од земјата и надвор. Честопати, конкурентите од други региони во државата, можат да станат вредни ресурси за препораки и најдобри практики. Избегнувањето на соработиците од страв другите да не ја откријат вашата конкурентска предност, всушност можат да го ограничат вашиот сопствен успех. Иако има и такви, чии намери можат да бидат сомнителни, најголем дел од посетителите на конфренциите се среќаваат за да си помагаат едни на други, да откриваат идеи и да поттикнат развој на соработката кога ќе се запознаат на лично ниво.

  1.   Среќавање на нови добавувачи

Премногу често луѓето се срамат од expo салата со изложбени штандови на конференциите. Тие се плашат дека ќе мора да разговараат со луѓето зад штандовите, не размислувајќи дека тие се некои од најзначајните луѓе кои што треба да ги запознаат, доколку сакаат да дознаат повеќе за тековната деловна клима. Откривањето на иновативни производи и услуги за вашиот бизнис е неопходно за да останете конкурентни во денешниот свет што бргу се развива и менува.  Дополнително, овие добавувачи кои што продаваат производи или услуги во вашата индустрија, комплетно разбираат што се случува кај вашата конкуренција. Инвестирајте време за разговор со нив и претворете ги во ваши пријатели и сојузници.

  1. Можност да се позиционирате како експерт во својата област

 Кога сте активни во вашата област, можете да развиете репутација како експерт пред своите соработници и клиенти. Оние што се доволно долго во една индустрија, честопати се барани за да зборуваат на настани и да пишуваат статии за своите достигнувања во индустријата. А кој не сака да се дружи со експерти во која било индустрија? И клиентите ќе се чувствуваат добро, доколку знаат дека најмиле некој кој е инспирација за своите соработници. Но, ако вашата стратегија е да бидете најдобро чуваната тајна во вашата деловна заедница, ќе пропуштите многу значајни можности.

  1. Забава

Конференциите можат да додадат доза на задоволство во вашиот кариерен развој, преку додавање на социјален аспект во напорите за учење и позиционирање во индустријата. Многу конференции имаат забавни активности, како што се коктел забави или обиколки на локалното подрачје од каде што е домаќинот на настанот. Планирањето на дополнителен ден на почетокот или крајот на патувањето за истражување на местото или посета на пријатели во регионот е одличен начин да се зголеми вредноста на инвестицијата за конференцијата. Никогаш не ја потценувајте моќта на малку забава помешана со многу интересни луѓе.

Конференциите во денешно време се поважни од кога било. Па така, вредноста на конференциите доаѓа пред сè од релациите кои настануваат помеѓу луѓето. Честопати посетителите сметаат дека неформалните „разговори во ходникот“ што ги прават со другите присутни на конференциите, се едни од најзначајните причини за присуство на некој настан. Иако овие разговори не се дел од официјалната агенда и не се споменати во панел дискусиите, кога двајца или повеќе луѓе започнуваат да дискутираат за биснис теми на лично ниво, успехот на настанот за вклучените страни станува незаменлив. Токму тие луѓе се оние кои што прават поврат на својата инвестицијата (ROI) за времето поминато на конференцијата.

Домашни банки

ПроКредит Банка со нова локација на Зона 24/7 Ново лисиче

Објавено

на

ПроКредит Банка ги известува своите клиенти за релокација на Зона 24/7 во Ново Лисиче. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Ново електронско и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка АД Скопје и бесплатно активно користење до крајот на годината

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје изврши надградба на електронското и мобилно банкарство за физички лица со нова верзија. За сите постојни и идни корисници на услугите на банката, достапна е новата верзија на системот за електронско банкарство и мобилно банкарство за паметни телефони на Android и iOS платформа. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Нова и уникатна можност за 24/7 менувачко работење преку е-банкарство

Објавено

на

ПроКредит банка со новата функционалност им овозможува на сите клиенти на банката на платформата за Е-банкарство 24/7  да процесираат налози за менувачко работење на сопствени сметки. На овој начин клиентите 24/7 имаат пристап до своите заштеди во евра директно преку нивниот телефон и тоа за само неколку минути. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange