Connect with us

Останато

Зошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш!?

Објавено

на

Ако Ворен Бафет некогаш влезе во вашата продавница или ресторан, тој веројатно ќе плати за неговиот шопинг „во кеш“, пишува Џин Маркс во колумна за списанието „Entrepreneur“.

„Имам American Express картичка што ја добив во 1964 година“, рече Бафет, чие богатство вреди повеќе од 88 милијарди долари пренесува „Yahoo Finance“.

„Но, јас плаќам во готово 98 проценти од времето. Ако сум во ресторан, секогаш плаќам во готово“, додаде Бафет.

Така е! Ворен Бафет еден од најбогатите луѓе во светот – преферира да плаќа во готово. Всушност, тој вели дека скоро секогаш носи околу 400 долари со себе. Но, дали е тоа затоа што тој се плаши од кредитни картички? Дали тој е загрижен за безбедноста? Дали ги избегнува оние досадни такси и казни во случај да не го исплати долгот?

Всушност, ова не е една од причините. Објаснувањето е дека, за Бафет плаќањето во кеш е „едноставно полесно“.

Бафет сепак е еден од ретките милијардери кои преферираат да плаќаат во кеш. Секоја година, се помалку и помалку луѓе плаќаат со готовина при купување. Всушност, според истражувањето на американската банка во 2017 година на повеќе од 2.000 луѓе колку што биле земени во просек, 50 проценти кажале дека носат пари во секое време и дека плаќаат во готово.

Сепак, истражувањето покажува дека меѓу луѓето кои носат пари во готово, скоро половината поседуваат помалку од 20 долари, а околу 76 проценти велат дека носат помалку од 50 долари.

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно