Connect with us

Останато

Зошто Бранимир Јовановиќ е против да се одложи оданочување на капиталните добивки?

Објавено

на

Поранешниот советник за макроекономска политика во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, во времето додека со Министерството раководеше Драган Тевдовски, ги брани до крај прогресивните мерки и е против ново одложување на оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и доходот од камати.

Но, зошто екс советникот на Тевдовски е толку против ново одложување? Тој на својот фејсбук профил го објави својот став, кој во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Зошто Владата НЕ СМЕЕ ДА ГО ОДЛОЖИ оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и доходот од камати:

1. Со одложувањето би се пратила јасна порака дека ВЛАДАТА РАБОТИ ЗА БОГАТИТЕ, спротивно на она што се прокламираше изминативе години. Со кое морално право ќе ги ослободите од данок оние кои прават пари од тргување со акции и од чување огромни депозити во банка, а ќе ги даночите, на пример, текстилните работнички кои мака мачат за да извадат минималец?

2. Со одложувањето СЕ ОДИ СПРОТИВНО НА ПРАКСИТЕ ВО ЕУ. Скоро и да нема ЕУ земја во која не се оданочуваат капиталните добивки и каматите. Европските интеграции не значат само одење по состаноци и сликање, тие значат и прифаќање на европските пракси, колку и да не им одговараат тие пракси на поединци од власта.

3. Оданочувањето на доходот од камати се однесува само на ИЗНОСОТ НА КАМАТИ КОЈ НАДМИНУВА 250 ЕВРА годишно. Со денешните камати од околу 1%, тоа значи дека сите штедни влогови под 25.000 евра се веќе ослободени од оданочување. Тоа исто така значи и дека ако некој оствари камата од 300 евра, ќе плати данок само на износ од 50 евра, односно, ќе плати данок од 15%*50 евра, односно, 450 денари.

4. Со одложувањето на оданочувањето, државата ќе остане без неколку милиони евра приходи во буџетот, што значи ќе има НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ПОМАЛКУ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ЗДРАВСТВО и други јавни услуги.

5. Оданочувањето на капиталните добивки и каматите беше одложувано неколку пати во минатото, секогаш под истиот изговор, за поддршка на берзата и банките. Доколку и имало вакви ефекти, тие се веќе исцрпени. Натамошно одложување на оданочувањето НИТУ ЌЕ ЈА ЗАЖИВЕЕ БЕРЗАТА, НИТУ ЌЕ НАПРАВИ БАНКИТЕ ДА ДАВААТ ПОПОВОЛНИ КРЕДИТИ.

Во тек е дебата дали да се одложат одредбите од Законот за данок на личен догод за оданочување на капиталните добивки со 15%, а темата ја покренаа Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза. Вицепремиерот Кочо Анѓушев веќе се изјасни дека предлогот ќе биде разгледан од Владата.

Останато

„Европски навики за плаќање“ – презентација на истражување спроведено од EOS

Објавено

на

На 19 февруари во Хотел Александар Палас, со почеток од 13 часот, под наслов „Европски навики за плаќање“ EOS Матрих Македонија ќе го презентира истражувањето кое компанијата го спроведува веќе 12 години по ред. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Прва стартап конференција „Pitch. Match. Grow.“

Објавено

на

Конференцијата „Pitch. Match. Grow.“ е организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, каде ќе добиете корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на вашиот проект/идеја/стартап. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Преку МСИП забрзано се градат и рехабилитираат локалните патишта

Објавено

на

Одлична реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, особено во изградбата на локалната патна инфраструктура, каде во текот на изминатите 6 месеци во 13 општини е започната или завршена градба на повеќе локални патишта од кои корист ќе имаат преку 60 илјади граѓани. Дополнително преку МСИП се доделува и проектна документација на сите општини за изградба на околу 271 километар пат. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на увид во изградбата на Корзото во општина Ѓорче Петров и пристапната улица, на кој присуствуваше и градоначалникот на општината Александар Наумоски. (more…)

Продолжи со читање

Популарно