Форекс
Зошто биткоинот повторно безглаво ја зголемува вредноста?

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“.
Во меѓувреме, најпознатата криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од пролетта, туку нејзината цена се зголеми за повеќе од 53 проценти од почетокот на септември. Само во октомври, биткоинот ја зголеми вредноста за околу 30 проценти, за својот 12-ти роденден.
Вредноста на биткоинот порасна на речиси 16.000 долари минатиот петок. Така, биткоинот достигна највисока цена од јануари 2018 година. Во декември 2017 година, биткоинот достигна рекордни 20.000 долари. После тоа, курсот драстично опадна и тоа беше крајот на растот.
Сега ситуацијата околу вредноста на биткоинот повторно е многу актуелна поради силниот раст од изминатите неколку денови, а има неколку можни причини за тоа.
Аналитичарот Тимо Емден рече дека поради неодамна неизвесниот изборен резултат во Соединетите Американски Држави (САД) и во потрага по алтернативни можности за инвестирање – некои инвеститори се насочија кон криптовалутите.
Тој смета дека инвеститорите на тој начин сакале да се заштитат од турбуленциите на берзата.
Сепак, експертот на „DZ-Bank” Сорен Хетлер во неодамнешната анализа напиша дека двигателот на развојот на биткоин е всушност надеж за нагло зголемување на побарувачката, а не толку како последица на изборите во САД.
Неколку инвестициски фондови на биткоини, како што е „Grayscо“, забележаа значителен прилив во последните месеци, а на крајот на октомври, во некои случаи, тие исто така забележаа рекордни вредности. И „Fidelity”, еден од глобалните играчи, основаше фонд за биткоини ова лето.
Покрај тоа, криптовалутите имаат корист од неодамна објавените планови на гигантот за платни услуги „PayPal” да прифати дигитални валути како платежно средство. Инвеститорите претпоставуваат дека овој чекор кон комерцијална употреба ќе му даде нов поттик за раст на биткоинот.
Како важни двигатели на ова зајакнување на криптовалутата, Хетлер исто така ја гледа политиката на негативни или нулта каматни стапки на централните банки и програмите за огромно трошење за време на пандемијата на Ковид-19 донесена од владите.
Според аналитичарот на „DZ-Bank” Сорен Хетлер тоа доведе до бран на ликвидност врз кој лебдат и криптовалутите. Ова може да го вклучи фактот дека оваа година има се повеќе млади луѓе кои влегле на пазарот и често тргуваат со биткоини и останати криптовалути.
Исто така, криптовалутите во моментов се тема на зголемена дискусија на ниво на централните банки. На пример, Европската централна банка (ЕЦБ) е скептична во однос на биткоинот, но размислува за воведување на дигиталното евро.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)
Форекс
Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје