Connect with us

Домашни банки

Зоран Јовановски и официјално стана член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

„Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Зоран Јовановски да биде именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, за период од 4 (четири) години, сметано од 30.03.2020 година.” – се вели во соопштението на Банката.

Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
  • Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
  • Хедвика Усеник – Член на Надзорен одбор
  • Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
  • Борислав Атанасовски – Независен член на Надзорен одбор
  • Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно