Останато
Значително порасна цената на нафтата, се движи околу 100 долари за барел


На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна на над 105 долари за барел, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво.
По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен раст од 4,7 проценти на 97,93 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,6% на 91,59 долари.
По рускиот напад на Украина, цената на барелот на лондонскиот пазар во еден момент достигна 105,79 долари, што е највисоко ниво од крајот на 2014 година.
Аналитичарите велат дека цената на барелот во Лондон најверојатно ќе остане околу 100 долари, се додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), американските компании за нафта од шкрилци или Иран, на пример, не обезбедат алтернатива за руската нафта и не пласираат поголемо количество барели.
Останато
Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина


Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата. (more…)
Криптовалути
South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија


South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје