Connect with us

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година.

Имено, околу 58% од банките укажале на значително намалување на кредитната побарувачката, наспроти претходната анкета кога ниту една банка не се изјаснила на овој начин. Зголемување е забележано и кај процентот на банките коишто укажале на делумно намалување на побарувачката, и тоа од 8,5% на 18,4%.

Нето-намалувањето на кредитната побарувачка во вториот квартал е спротивно од очекувањата на банките во претходната анкета за нето-зголемување. Во третиот квартал, банките очекуваат нормализирање на побарувачката за кредити од страна на домаќинствата, при што се очекува нејзино нето-зголемување.

Побарувачката за кредити кај домаќинствата е значително намалена во вториот квартал на 2020 година, и покрај податокот дека банките дополнително ги олесниле условите за кај кредитите на домаќинствата, коешто е поизразено во споредба со претходната анкета.

Притоа, поголемиот процент на банки (околу 73%) укажуваат на олеснети кредитни услови кај сите типови кредити на домаќинствата, наспроти околу 26% во претходната анкета. Воедно, околу 17% од банките укажуваат и на заострување на кредитните услови, за разлика од претходната анкета, кога ниту една банка не укажа на ова. Нето-олеснувањето на кредитните услови во вториот квартал е посилно во однос на очекувањата од претходната анкета. Во третото тримесечје, банките очекуваат нето-заострување на кредитните услови.

Исто како и кредитите кај населението, во вториот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето-намалување на вкупната побарувачка и на корпоративните кредити, но послабо во однос на претходната анкета.

Имено, околу 35% од банките укажуваат на делумно, односно значително зголемување на побарувачката за корпоративните кредити, наспроти малиот процент во претходната анкета (0,6%). Истовремено, околу 38% од банките укажуваат на делумно, односно значително намалување на кредитната побарувачката (9,7% во претходната анкета).

Нето-намалувањето на побарувачката во вториот квартал е спротивно од очекувањата на банките од претходната анкета за нето-зголемување на побарувачката. За третото тримесечје, банките очекуваат нето-зголемување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата.

Побарувачката за кредити кај претпријатијата е намалена во вториот квартал на 2020 година, и покрај значителното нето-олеснувањето на условите за одобрување корпоративни кредити од страна на банките, коешто е значително посилно во споредба со претходното тримесечје.

Во оваа анкета, забележано е зголемување на процентот на банки коишто укажале на делумно, односно значително олеснување на кредитните услови (околу 50% од банките наспроти 14% во претходната анкета), при намалување на процентот на банки коишто укажале на непроменети кредитни услови.

Нето-олеснувањето на условите за кредитирање на претпријатијата во вториот квартал од годината е посилно во споредба со очекувањата на банките дадени во претходната анкета за истиот квартал. За третиот квартал од 2020 година, банките упатуваат на натамошно нето-олеснување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити, но послабо во однос на остварувањата во вториот квартал.

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно